Зверев: Единствен сум број еден во историјата што мора да објаснува зошто е на врвот

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Германскиот тенисер Александар Зверев не го прослави на најдобар начин своето историско искачување на првото место на АТП листата. Тој доживеа елиминација уште во својот прв меч како светски рекет број еден, губејќи од Италијанецот Лоренцо Мусети на Мастерсот во Париз, но она што најмногу го мачи 29-годишниот ас се постојаните критики и сомнежи во јавноста за неговиот нов статус. Иако зад себе има фантастична 2026 година во која освои две гранд-слем титули, Ролан Гарос и УС Опен, и играше финале на Вимблдон, Зверев смета дека јавноста неправедно го оспорува неговиот успех. Дел од критичарите сметаат дека неговото искачување на врвот е резултат на сериозните повреди кои ги мачеа Јаник Синер и Карлос Алкараз оваа сезона. „Не мислам дека некој морал да се објаснува толку многу како јас во последните неколку дена, што да бидам искрен е фрустрирачки. Бев малку изнервиран бидејќи достигнувањето на првото место е нешто за кое сонува секој играч. Но, чувствувам дека сум единствениот светски рекет број еден во историјата на тенисот кој мора да објаснува зошто е во ред што сум на врвот. Мислам дека заслужувам да бидам тука, иако денес загубив“, изјави разочараниот Зверев. Тој дополнително појасни дека му е тешко да го прифати ваквиот третман. „Мислам дека заслужувам да бидам таму каде што сум. Не мислам дека некој друг морал толку да се објаснува како што морав јас во последните неколку дена“, порача германскиот тенисер. Она што критичарите најчесто му го забележуваат на Германецот е неговиот учинок против елитните тенисери. Оваа година тој има импресивен скор од 62 победи и осум порази против ривалите кои се рангирани под десеттото место, но има добиено само три од 12 натпревари против Топ 10 играчите. Дополнително, тој има десет порази по ред од Синер и загуби четири од последните пет пресметки со Алкараз. Откако во понеделникот му беше врачен трофејот за светски рекет број еден, Зверев се најде под лупа на јавноста, која со сомнеж го гледа неговиот статус поради послабиот

Зверев: Единствен сум број еден во историјата што мора да објаснува зошто е на врвот | FinPortal.mk

Германскиот тенисер Александар Зверев не го прослави на најдобар начин своето историско искачување на првото место на АТП листата. Тој доживеа елиминација уште