Зошто на Македонија ѝ се потребни прецизни податоци за да се намали пушењето?

FinPortal.mk · 24.9.2026 г.

Пушењето и понатаму останува сериозен предизвик за јавното здравје во Македонија, а за негово реално намалување е неопходен сеопфатен пристап. Тој пристап, како што се наведува, треба да комбинира прецизни податоци, превенција, поддршка за откажување од пушење и јасни информации наменети за полнолетните пушачи кои не престануваат да пушат. Најдобриот избор за секој пушач е целосно да престане со пушењето, а за непушачите е никогаш да не започнат, но искуството покажува дека дел од полнолетните пушачи нема веднаш да се откажат. Токму затоа е важно тие да имаат пристап до научно заснована информација за разликата меѓу цигарите и производите без согорување. Намалувањето на штетата од пушењето, според оваа логика, треба да се разбере како пореален пристап за оние кои инаку би продолжиле да пушат, а не како порака дека постои производ без ризик. Клучната научна разлика лежи токму во согорувањето. Кај цигарите тутунот гори и создава чад кој содржи голем број штетни материи. Производите без согорување не се без ризик и не се наменети за секого, но не создаваат чад од согорување цигара. Поради тоа, овие разлики мора да бидат јасно објаснети пред јавноста. Информираниот избор, како што се нагласува, не постои доколку сите производи се претставуваат како исти. Полнолетниот пушач треба јасно да знае дека откажувањето е најдобрата опција, но и дека различните производи создаваат различна изложеност на штетни материи. Тоа не претставува промоција на ниту еден производ, туку предуслов за одлука заснована на факти. Во јавната дебата често се користат општи категории како „тутунски и сродни производи“. Ваквите категории може да служат за евиденција, но не ја покажуваат целата слика. Доколку во една единствена бројка се собираат пушачи на цигари, корисници на производи без согорување, електронски цигари или никотински ќесички, како и лица што комбинираат повеќе производи, статистиката ја губи својата главна функција — да покаже што навистина се менува во практиката. Затоа е од сушти

Зошто на Македонија ѝ се потребни прецизни податоци за да се намали пушењето? | FinPortal.mk

Пушењето и понатаму останува сериозен предизвик за јавното здравје во Македонија, а за негово реално намалување е неопходен сеопфатен пристап. Тој пристап, како