ЗНАМ од Прилеп бара од СДСМ да одговори против кого пукала првата пушка на 11 Октомври
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Општинската организација на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија од Прилеп упати јавни прашања до СДСМ во врска со историското значење на 11 Октомври и ставовите на партијата кон антифашистичката традиција, соопштија од партијата. Реакцијата доаѓа по маршот што СДСМ го организираше на 10 октомври низ улиците на Прилеп, во пресрет на Денот на народното востание. Од прилепската организација на ЗНАМ бараат јасен одговор на прашањето против кого пукнала првата пушка на 11 Октомври 1941 година – против бугарските администратори или против бугарските фашистички окупатори. Според соопштението, одговорот на ова прашање е клучен за разбирањето на историското значење на востанието и за односот на денешните политички субјекти кон антифашистичкото наследство. Воедно, од ЗНАМ бараат од СДСМ да се изјасни дали ќе преземе одговорност и ќе се извини за, како што наведуваат, бришењето на формулацијата „бугарски фашистички окупатор“ од спомен-плочите и спомен-обележјата посветени на загинатите борци. Ова барање, како што се посочува во соопштението, произлегува од загриженоста дека историските факти се менуваат или релативизираат во современиот политички контекст. Од ЗНАМ поставуваат и прашање како СДСМ може да организира марш против антифашизмот, оценувајќи дека треба да се разјасни дали станува збор за политичка грешка или за отстапување од вредностите на македонската антифашистичка традиција. Според нив, ваквата организација на настан во пресрет на празникот што го симболизира почетокот на народноослободителната борба предизвикува сериозни сомнежи за вистинските намери на партијата. Во соопштението се посочува и на инсистирањето на СДСМ за внесување на Бугарите во Уставот, при што од ЗНАМ сметаат дека треба да има јасни гаранции за заштита на македонските национални интереси. Од прилепската организација порачуваат дека антифашизмот не смее да се користи како дневнополитичка реторика, туку треба да остане темел на македонската државност и вредност што произлегува од борбата за слобо