ЗНАМ очекува уште едно заменичко место во Владата, одлуката се очекува следниот месец
FinPortal.mk · 19.9.2026 г.
Движењето ЗНАМ очекува да добие уште еден заменик-министер во Владата, но засега не открива во кој ресор ќе биде тоа место. Претседателот на партијата, Максим Димитриевски, денеска изјави дека ова прашање треба да се дефинира во текот на следниот месец, пренесува Независен. Димитриевски ова го соопшти одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на настанот по повод отчетот на избраните и именувани функционери на ЗНАМ. Тој истакна дека односите и соработката во владината коалиција се на одлично ниво, што според него е добра основа за натамошната работа на партијата во извршната власт. Според Димитриевски, за ЗНАМ никогаш не е приоритет што ќе добие како составен дел на власта, туку желбата да преземе одговорност. Тој потсети дека партијата претходно информирала дека влегла во оваа Влада и буквално понудила „карт бланш“ за да не се гледа реприза од минатото, како што рече, моноетничките партии на ситен камен ги дробат големите политички субјекти кои ја добиваат масовно поддршката на граѓаните. Во овој случај, додаде тој, го спречиле тоа да се случи и да се гледа реприза. Што се однесува до поделбата на ресорите и местата, Димитриевски нагласи дека партијата тргнува исклучиво од аспект на преземање одговорност. „Очекуваме дополнително уште едно заменичко место, во уште еден ресор што треба да се дефинира во текот на следниов месец и верувам дека, како и во останатите ресори и институции каде што преземавме одговорност, ќе го дадеме својот придонес и во тој ресор“, изјави претседателот на ЗНАМ. Тој додаде дека во моментов се разговара за неколку ресори, но не сакал да шпекулира за тоа кои се тие. Според него, мандатарот е најповикан да даде одговор на тоа прашање и верува дека веќе до крајот на месецот ќе има излагање од негова страна по однос на таа тема. Осврнувајќи се на вторите и третите ешалони на власта, Димитриевски рече дека досега до него не се пристигнати забелешки ниту од мандатарот, ниту од ресорните министри во однос на работењето на функционерите на З