ЗНАМ: Македонскиот јазик не е предмет на политичко пазарење
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги отфрла личните дисквалификации и политичките конструкции на Алијансата на Албанците и СДСМ упатени кон претседателот Максим Димитриевски, соопштија од партијата. Според нив, кога нема аргументи за суштината на прашањата, очигледно остануваат навредите и обидите за политичка дискредитација. Од ЗНАМ оценуваат дека квалификацијата „патриот на батерии“ најдобро зборува за политичката култура на оние што ја употребуваат, но не и за Максим Димитриевски. Како илустрација за разликата во политичкиот пристап, од партијата потсетуваат на 2017 година, кога пред локалните избори Димитриевски се откажал од пратеничкиот мандат и без политички калкулации влегол во изборната битка за градоначалник на Куманово. Тој не си оставил резервна позиција во Собранието доколку ги изгуби изборите. Наспроти тоа, како што наведуваат, дел од тогашното раководство на СДСМ, кандидати за градоначалници, ги задржале пратеничките мандати како сигурна алтернатива. Токму тука, според ЗНАМ, е разликата во политичкиот пристап и одговорноста, бидејќи патриотизмот не се мери со навреди, туку со одлуки, постапки и преземена одговорност. Од Движењето ЗНАМ јасно го изразуваат својот став за правосудниот испит: тој треба да се полага на македонски јазик, согласно Уставот и законите. Македонскиот јазик, како што нагласуваат, не е предмет на политички пазарења и коалициски калкулации. ЗНАМ е подготвен за разговори со владините партнери, но нема да отстапи од своите принципи. Истиот принцип партијата го застапува и во однос на евроинтеграциите. Македонија сака членство во Европската Унија, но не прифаќа постојани еднострани отстапки кон Бугарија без реципроцитет. Предлогот на ЗНАМ за одложено дејство на уставните измени останува на маса, а од партијата очекуваат почитување на правата на Македонците во Бугарија и спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Во однос на обвинувањата на СДСМ за наводни средби, лобирања и поврзаност со Алта банка, о