Жито Полог Тетово се преобразува од акционерско друштво во друштво со ограничена одговорност

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Тетовската мелничко-пекарска компанија Жито Полог од акционерско друштво се преобразува во друштво со ограничена одговорност. Одлуката за преобразба е верификувана на акционерското Собрание што се одржа на последниот ден од септември, а со неа се утврдува новиот правен формат под кој компанијата ќе продолжи да работи. По завршувањето на формалностите што ги налага процесот на преобразба, официјалниот назив на компанијата ќе биде Друштво за производство на мелнички, пекарски и други производи и промет на мало и големо Жито Полог ДОО Тетово. Со тоа, досегашната акционерска структура на друштвото се заменува со содружнички односи, какви што предвидува форматот на друштво со ограничена одговорност. Поради преобразбата, а со цел да се обрне внимание на инвеститорската јавност, компанијата е внесена на „Листата за набљудување“ што се објавува на веб-страницата на Македонска берза. Внесувањето на оваа листа значи дека тргувањето со хартиите од вредност на друштвото е ставено под посебно набљудување додека трае постапката на преобразба. Според усвоената одлука, постојните акционери треба да се изјаснат дали имаат намера да учествуваат како содружници и во друштвото со новиот формат. Одборот на директори има обврска да објави јавен повик до акционерите кои не присуствувале на Собранието, за да дадат изјави дали се согласуваат да преземат удели во друштвото што ќе настане со преобразбата. Акционерите кои имаат негативен став по ова прашање ќе имаат можност да ги продадат уделите „според цена соодветна на усвоениот биланс на состојба утврден во одлуката за преобразба на друштво (понудена цена)“. Исто така, тие „не можат да имаат други барања од имотот на друштвото што настанува со преобразбата, врз основа на преобразбата“. Во поглед на уредувањето на компанијата како ДОО, во одлуката е посочено и дека составот и организацијата на раководното и надзорното тело подетално ќе се уредат со договорот за друштвото. Во рок од осум дена од уписот на трансформацијата во трговскиот регис

Жито Полог Тетово се преобразува од акционерско друштво во друштво со ограничена одговорност | FinPortal.mk

Тетовската мелничко-пекарска компанија Жито Полог од акционерско друштво се преобразува во друштво со ограничена одговорност. Одлуката за преобразба е верификув