15.10.2026 - Жито Полог АД Тетово - Предлог - одлуки за Собрание на акционери
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Собранието на акционери на „Жито Полог“ АД Тетово е закажано за 16.11.2026 година, на кое акционерите ќе одлучуваат за предлог-одлука за одобрување на голема зделка за наменско финансирање на друштвото „Полог ФФР“ ДОО Тетово, во кое „Жито Полог“ АД Тетово е мнозински сопственик со доминантен сопственички удел од 99,98%. Според предлог-одлуката, се предлага одобрување на склучување и реализација на голема зделка со која „Жито Полог“ АД Тетово, со ЕДБ 4028987116516 и ЕМБС 4037634, како мнозински сопственик, му одобрува финансиски средства на „Полог ФФР“ ДОО Тетово, со ЕДБ 4028026560744 и ЕМБС 7920423, во вкупен износ од 436.650.000,00 денари (7.100.000 евра). Средствата се наменети за финансирање на инвестициските и оперативните активности на „Полог ФФР“ ДОО Тетово поврзани со реализацијата на проектот за добивање на светски позната франшиза за угостителски услуги. Според предлогот, финансирањето може да се реализира преку еден или повеќе соодветни правни и финансиски инструменти, вклучително и преку: дополнителни уплати или други форми на вложување од страна на содружникот „Жито Полог“ АД Тетово; заем или друг облик на финансирање од страна на „Жито Полог“ АД кон „Полог ФФР“ Тетово; друг правно дозволен начин на финансирање, согласно потребите на проектот и применливата законска регулатива. Конкретниот начин, динамиката и условите на финансирањето ќе се утврдат со соодветни договори, одлуки и други акти, согласно структурата на проектот и барањата на давателот на франшизата. Одобрувањето на финансирањето е со одложен услов и истото ќе се реализира исклучиво под услов друштвото „Полог ФФР“ ДОО Тетово успешно да стекне светски позната франшиза за угостителски услуги и уредно да склучи валиден договор за франшиза со давателот на франшизата. Доколку постапката за стекнување на предметната франшиза не заврши успешно или постапката биде прекината, правното дејство на оваа одлука за пренос на финансиските средства не настапува и „Жито Полог“ АД Тетово нема обврска да изврши