Жерновски: Преку „Алта банка“ се префрлаат над 50 милиони евра, Мицкоски и Славески молчат
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Пратеникот на СДСМ Андреј Жерновски на денешната прес-конференција побара одговор од премиерот Христијан Мицкоски и од гувернерот на Народната банка Трајко Славески за тоа како и зошто е дозволен влезот на „Алта банка“ во Македонија и за трансферите на големи суми пари што, како што тврди, се префрлаат преку неа од Белград до Скопје и понатаму до Москва. Жерновски изјави дека преку свиркачи СДСМ дошла до податок дека над 50 милиони евра се префрлаат преку „Алта банка“ во Македонија и дека токму затоа прашањето е крајно сериозно. „Сакаме да направиме сублимат на она што се случуваше изминатите пет дена, поврзани со случувањата кај нашиот северен сосед, и денеска сакаме да зборуваме и да ги поставиме прашањата на коишто нашиот премиер Мицкоски упорно и упорно одбегнува да даде одговори. Сведочиме за громогласен молк од страна на премиерот“, истакна Жерновски. Тој рече дека сведочи за молчење за сето она што се случува по падот на, како што го нарече, менторот на Мицкоски, Александар Вучиќ. Според Жерновски, премиерот зборува за сè, но не зборува за она што сите го прашуваат — не зборува за криминалот, за криминалните пари и за тоа кој овозможил „Алта банка“ да влезе во земјата и кој сега овозможува пари да се трансферираат од Белград до Скопје и преку Скопје до Москва. Жерновски предупреди дека молкот не е само од премиерот, туку и од гувернерот на Народната банка Трајко Славески, како и од обвинителството. „Гледаме молк, што е исто така многу страшно, и од гувернерот Трајко Славески. Гледаме молк и од обвинителството и затоа денешната прес-конференција е крајно сериозна. Затоа што тоа што се случува со премиерот, со нашата држава, со обвинителството, со Народна банка е нешто што не можеме да го премолчиме и не смееме да го премолчиме“, рече тој. Според Жерновски, влезот на „Алта банка“ во Македонија е направен со знаење, со одобрување и со одлука токму на Мицкоски и на Трајко Славески, поради што тие се најповикани да одговорат што се случува денеска. Тој нагласи дек