Жерновски: Падот на Вучиќ е шанса да се урнат мрежите што ја држат власта на Мицкоски

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Политичките промени во Србија може да отворат простор за демонтирање на мрежите што со години ги поврзуваат политиката, бизнисот и медиумите во регионот, а за кои тврди дека се поврзани и со власта на Христијан Мицкоски во Македонија. Ова го оцени Андреј Жерновски од СДСМ во својата најнова објава, во која ја коментираше, како што ја нарече, „траорната атмосфера“ во партијата на Мицкоски по поразот на Вучиќ. Според Жерновски, тоа го потврдува она за што СДСМ зборува повеќе од две години. „Имам чувство дека самиот Мицкоски да изгубеше, немаше да биде прогласена оваа тридневна внатрепартиска жалост“, напиша тој во објавата, оценувајќи дека за разлика од „нашите патриоти“, Србија и регионот го слават падот на Вучиќ и почетокот на распаѓањето на неговиот „балкански октопод“. Жерновски нагласува дека промените во Србија не се само српска работа. „Тие треба и мора да бидат почеток на демонтирање на системот од мрежи што со години ги поврзуваат политиката, бизнисот и медиумите во регионот, а врз која Мицкоски ја градеше сопствената моќ во Македонија“, порача тој. Затоа, според него, многу наивно и лекомислено е да се тврди дека СДСМ слави туѓа победа или туѓ пораз. „Не, туку се слави една искрена надеж дека ова значи отворање на простор за расчистување со корупцијата и заробените институции и во Македонија“, додаде Жерновски. Тој го опиша Мицкоски како „никаков случаен партнер“ на Вучиќ и Орбан. „Напротив. Го презеде нивниот модел на владеење, бездушно и заветно овозможувајќи Македонија да стане полигон за нивните политички, безбедносни и финансиски интереси“, тврди Жерновски во објавата. Според него, не е случајно што токму во мандатот на оваа власт европските институции преку своите извештаи ја отворија темата за влијанието на концептот „српски свет“ врз македонската држава. „А сега доаѓаат и прашањата за парите“, додаде тој, осврнувајќи се на истрагите што, како што наведе, веќе се отворија во Унгарија поврзани со кредитните зделки по „кинески рецепт“ на Орбан и Мицкоск

Жерновски: Падот на Вучиќ е шанса да се урнат мрежите што ја држат власта на Мицкоски | FinPortal.mk

Политичките промени во Србија може да отворат простор за демонтирање на мрежите што со години ги поврзуваат политиката, бизнисот и медиумите во регионот, а за к