Жерновски: Извештајот на Европската комисија ја потврдува катастрофалната состојба во која Мицкоски ја доведе земјата

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција ја оцени како катастрофална состојбата во земјата, осврнувајќи се на вчерашниот Извештај на Европската комисија. Според него, никој во државата не е изненаден од она што е напишано во Извештајот и од критиките што директно се упатени кон владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски. „Денешната прес-конференција е посветена на вчерашниот Извештај, којшто, за жал, е катастрофален и за којшто мораме да бидеме реални, не како опозициска партија, не како политичари, туку како граѓани, дека ништо друго и не очекувавме, така што никој, буквално никој во оваа држава, не е изненаден од тоа што пишува во Извештајот и од тоа што е директно набележано како критика за ова владеење на ВМРО“, рече Жерновски. Тој нагласи дека катастрофата во која Мицкоски и неговите соработници ја втурнале земјата во изминатите две и пол години директно се одразува и во Извештајот. „Нема никаква тајна околу овие извештаи. Каков мандат, каков резултат на вашиот мандат, такви и извештаи добиваме од Брисел и затоа сè ова што е набележано во Извештајот можеме накратко директно да го оцениме како катастрофа“, изјави Жерновски. Според него, особено загрижува тоа што има нула напредок во борбата против корупцијата, како и нула напредок во областа на јавните набавки. Тој оцени дека состојбата со слободата на медиумите е катастрофална и дека нема никаков напредок, додека судството е под политичка опсада и без доволно средства. Медиумите, како што рече, се под притисок, а земјоделството е пред колапс. „Власта го зароби судството, го задуши медиумскиот простор и ја остави корупцијата недопрена, а корупцијата го јаде обвинителството, го јаде судството, го јаде општеството во целост“, рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ. Тој посочи дека има нула напредок во седум области, но дека посебно загрижува тоа што најважниот кластер, Кластерот 1, кој се однесува на темелите, директно ги набележува недост

Жерновски: Извештајот на Европската комисија ја потврдува катастрофалната состојба во која Мицкоски ја доведе земјата | FinPortal.mk

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција ја оцени како катастрофална состојбата во земјата, осврнувајќи се