Жените во политиката сè уште се соочуваат со насилство и по изборот на функција
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Насилството врз жените во политиката останува сериозен предизвик за демократското општество, беше заклучено на тркалезната маса за унапредување на родовиот паритет и борба против дигиталното насилство врз жените во политиката во Северна Македонија. Вториот ден од настанот беше посветен на сексизам, вознемирување и насилство врз жените во парламентот, а дискусијата ја отвори модераторот Даниел Ѓоќески, едукатор и службеник за организирани посети при Парламентарниот институт на Собранието. Претставничката на Интерпарламентарната унија (ИПУ), Зеина Хилал, во своето излагање истакна дека жените и понатаму се соочуваат со предизвици при вклучувањето во националните парламенти, но дека предизвиците не завршуваат со нивното стапување на јавна функција. Напротив, како што посочи таа, различните форми на психолошко, социјално и економско насилство продолжуваат и во текот на нивниот мандат. Хилал ја презентираше анализата во која биле опфатени 123 пратенички од целиот свет, со фокус на искуствата и формите на психолошко, социјално и економско насилство со кои се соочуваат жените додека извршуваат јавна функција. Пратеничката Лидија Петкоска, членка на Собраниската комисија за еднакви можности на жените и мажите, истакна дека учеството на жените во политичкиот живот е значаен предуслов за демократско и инклузивно општество. Таа се осврна и на улогата на социјалните мрежи, кои, како што посочи, од една страна овозможуваат поголема видливост и директна комуникација со јавноста, но од друга страна претставуваат простор каде што жените во политиката често се соочуваат со говор на омраза, лични напади и напади насочени кон нивните семејства. Во контекст на унапредувањето на родовата еднаквост, Петкоска посочи дека Собранието има донесено Акциски план за 2025 – 2027 година за рамноправност, како и работна група за следење на неговата реализација и примена. Осврнувајќи се на улогата на медиумите, таа нагласи дека е потребно професионално и одговорно известување. Во продолжение на дис