Жените се повеќе на избирачките списоци, но реалната политичка моќ останува заробена во бројките
FinPortal.mk · 17.9.2026 г.
Формалната застапеност на жените во изборните и политичките процеси во Северна Македонија постепено расте, но реалната политичка моќ сè уште заостанува зад бројките. Ова беше една од клучните пораки од конференцијата „Унапредување на изборното учество на жените преку податоци, придобивки и партнерства“, која се одржа во Скопје во организација на Државната изборна комисија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Швајцарската „Програма за изборна поддршка“. На конференцијата се обратија Абдуш Демири, потпретседател на Државната изборна комисија, амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Кристоф Сомер, амбасадор на Швајцарија во Северна Македонија, и Кристофер Ле Мон, потпретседател за програми и стратегии во ИФЕС. Иако избирачкиот список покажува речиси потполна демографска еднаквост, каде разликата е само 500 жени помалку во споредба со мажите, сепак бројките откриваат сериозен родов јаз во излезноста по општини и региони. „Затоа статистичките податоци од оваа конференција, за нас како институција, се јасен патоказ за следните чекори кои треба да ги превземе ДИК за отстранување на бариерите за целосно и непречано остварување на правото на глас на секоја жена“, истакна потпретседателот на ДИК, Абдуш Демири. Во рамки на конференцијата, членката на ДИК, Дитмире Шеху ја презентираше статистиката за излезност на гласачите по општини од локалните избори 2025 година, разделени по пол. Во рамки на своето излагање, Шеху потенцираше дека преку анализа на бројките се воочуваат трендовите, состојбата и можностите за дејствување. „Податоците не се крајот на анализата, туку почеток на дејствувањето“, заклучи Шеху во својот говор. Податоците покажуваат дека зголемувањето на бројот на кандидатки не значи автоматски и пропорционално зголемување на бројот на избрани жени. Во првиот панел кој беше посветен на политички и поттикнувачки мерки за зголемување на учеството на жените во изборите, се презентираа меѓународни искуства и можности за воведување финансиски поттикнувачки ме