Жените на протестот во Скопје: Бараме имиња, одговорност и санкции, не сочувство

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

„Не бараме сочувство, бараме одговорност“, порача учесничка на протестот во Скопје по трагедијата во Богданци, во која животот го загуби 17-годишната Билјана Кириќ. Демонстрантите побараа конкретни санкции за институционалните пропусти, итни законски измени за заштита од насилство и разрешување на функционерите кои со своите јавни ставови го оправдуваат или нормализираат насилството врз жените. „За сите пропусти бараме имиња, одговорност и санкции. Итно поднесување и усвојување на законските измени за заштита од насилство“, порача учесничката на протестот. Таа предупреди дека борбата против родово базираното насилство не може да биде успешна доколку истовремено се поткопува неговото препознавање во општеството и институциите. „Не може да водиме борба против родово базирано насилство ако го поткопуваме неговото препознавање. Разрешете ги тие кои повикуваат на контрола на жените, го оправдуваат насилството или го нормализираат истото“, истакна таа пред собраните граѓани. Според демонстрантите, барањата за поголема заштита и одговорност не се нови, туку со години се повторуваат по секој нов случај на насилство врз жена. „Ова не се нови барања, истите ги повторуваме со години. Истите предупредувања и докази. Списокот на убиени жени расте. Затоа нема да ви кажеме дека се надеваме дека ќе нè слушнете“, порача говорничката. Протестниот марш е насочен покрај Собранието, Министерството за правда и Министерството за образование, со порака дека одговорноста за спречување на насилството не смее да остане само на декларативни заложби. Особено силна реакција предизвика пораката со која учесничката се спротивстави на сведувањето на улогата на жените исклучиво на мајчинството и раѓањето. „Ние не сме машини за раѓање, ние сме жени, работнички, мајки, ќерки, сестри и другарки. И тука сме заедно, не бараме сочувство, бараме одговорност“, рече таа, со што ја заокружи пораката на собирот. Протестот во Скопје е одговор на трагедијата во Богданци во која загина 17-годишната Билјана Кириќ,

Жените на протестот во Скопје: Бараме имиња, одговорност и санкции, не сочувство | FinPortal.mk

„Не бараме сочувство, бараме одговорност“, порача учесничка на протестот во Скопје по трагедијата во Богданци, во која животот го загуби 17-годишната Билјана Ки