Жените гласаа помалку од мажите на локалните избори, најголем јаз во малите општини

FinPortal.mk · 16.9.2026 г.

Жените излегоа на гласање во помал број од мажите на Локалните избори минатата година, иако двата пола се речиси еднакво застапени во Избирачкиот список, покажува анализата на статистички податоци добиени преку евиденцијата на Државната изборна комисија, генерирани преку биометрискиот систем за идентификација. Помалата излезеност на жените е особено видлива во помалите општини, каде родовиот јаз е најизразен. Дел од податоците денеска ги презентираше членката на ДИК Дитмире Шеху на конференцијата „Унапредување на изборното учество на жените преку податоци, придобивки и партнерства“, организирана од ДИК, ОБСЕ и ИФЕС. Таа најави дека по завршувањето на настанот ќе бидат објавени детални статистички информации за сите 80 општини во државата. Според податоците од Локалните избори 2025 година, во Избирачкиот список биле регистрирани вкупно 916.977 мажи и 915.438 жени. Вкупната излезност кај жените изнесувала 48,4 проценти, наспроти 51,6 проценти кај мажите, што покажува забележлив родовиот јаз во излезноста. Во 10-те најголеми општини е евидентиран речиси изедначен број регистрирани гласачи од двата пола, но со забележителна поголема излезност на жените во Карпош, каде излезноста изнесувала 52,6 отсто, и во Аеродром, каде достигнала 52 отсто. Тоа покажува дека во урбаните средини жените не само што не заостануваат, туку во одредени случаи и предничат во излезноста. Спротивно на тоа, во 10-те најмали општини се забележува поголем родов јаз со доминација на машките гласачи. Најголеми разлики има во Пласница, каде излезноста на мажите изнесувала 61,5 отсто, наспроти 38,5 отсто кај жените. Во Сопиште излезноста на мажите била 59,2 отсто, а на жените 40,8 отсто. Во Арачиново мажите гласале со 58,3 отсто, додека жените со 41,7 отсто. Во Маврово и Ростуше излезноста на мажите изнесувала 58 отсто, а на жените 42 отсто, додека во Старо Нагоричане мажите гласале со 56,9 отсто, наспроти 43,1 отсто кај жените. Шеху упати порака за важноста на гласачкото право, нагласувајќи дека глас

Жените гласаа помалку од мажите на локалните избори, најголем јаз во малите општини | FinPortal.mk

Жените излегоа на гласање во помал број од мажите на Локалните избори минатата година, иако двата пола се речиси еднакво застапени во Избирачкиот список, покажу