Земјоделците со писмо до Мицкоски бараат итна помош за аграрот
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Земјоделците од повеќе сектори директно до премиерот Христијан Мицкоски упатија писмо со кое бараат итна помош за, како што велат, катастрофалните состојби во македонскиот аграр. По одржаниот протест на сточарите и земјоделците во Пелагонија кај Тополчани, претставници на Националната земјоделска мрежа, чиј претседател е Ѓорги Каракашев, се обратија до премиерот со барање за конкретни и одржливи решенија и санација на состојбите. „Искрено се надеваме на целосна кооперативност, слух и поддршка од Владата и премиерот Мицкоски во изнаоѓање на конкретни и одржливи решенија и санација на катастрофалните состојби во македонскиот аграр“, велат од Националната земјоделска мрежа. Барањата до премиерот, како што наведуваат, дел ги изнеле и на протестот во Пелагонија. Градинарите, лозарите, овоштарите, поледелците, сточарите и оризарите преку писмото бараат итна помош од државата. Поради проблемот со откупот на црвената пиперка – куртовска капија и ниската откупна цена, градинарите бараат итна комбинирана финансиска поддршка од 10 денари по килограм, составена од 5 денари за предаден килограм пиперка во регистрирани откупни и преработувачки центри, и по 20.000 денари по засаден декар со куртовска капија. Градинарите, исто така, бараат итна исплата на субвенциите за 2025 година по килограм предаден род, донесување на стратегија за гарантирано и планирано производство и официјална државна пресметка за производната цена на куртовската капија произведена во пластеници и на отворено. „Оваа година откупот на пиперката – куртовска капија помина катастрофално и земјоделците се во паника дали ќе може да ја пресретнат идната сеидбена година“, рече Панче Паланков, градинар од Струмичко. Од друга страна, над 70 проценти од грозјето годинава останало необрано и презреано по нивите, велат земјоделците, наведувајќи дека оваа состојба се должи на Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои не презеле навремени мерки за откуп. Во писмото земјоделците велат дека фо