Земјоделците почнаа да ги добиваат картичките за зелена нафта — 48.037 картички со поддршка од 584 милиони денари

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство почна со распределбата на картичките за зелена нафта, со што финансиската поддршка за земјоделците пристигнува непосредно пред есенската обработка на земјиштето и сеидбата. Како што изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, Министерството е целосно подготвено да ја спроведе распределбата преку своите подрачни единици, а за мерката се обезбедени вкупно 584 милиони денари, односно околу 9,5 милиони евра. Според податоците што ги соопшти министерот, подготвени се вкупно 48.037 картички наменети за покривање на дел од трошоците за гориво на земјоделците. Распределбата започна денеска од Битола, а претходно утринава првите картички беа доделени во Свети Николе. Во Свети Николе беа поделени првите од предвидените 1.900 картички, со вкупна вредност од 38.228.060 денари, додека за Битола се подготвени 3.858 картички во вредност од 57.525.090 денари. Министерот Серафимовски ја истакна практичната вредност на мерката за земјоделците, нагласувајќи дека поддршката доаѓа во период кога имаат најголема потреба од вложување. „Со почетокот на распределбата финансиската поддршка започнува да стигнува до земјоделците во период кога имаат потреба за вложување во подготовка на нивите, за купување на семенски материјал и ѓубрива, како и за одржување на механизацијата. Приходите од родот доаѓаат подоцна, а трошоците се прават сега. Затоа, зелената нафта има непосредна практична вредност за секој земјоделец во државата“, изјави Серафимовски. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираа дека мерката се спроведува преку Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година. Износот што го добива секој корисник се утврдува според површините и културите пријавени во барањата за директни плаќања во 2025 година, што значи дека поддршката е поврзана со реално пријавеното производство. Висината на помошта се движи од 3.200 до 12.000 денари по хектар, во завис

Земјоделците почнаа да ги добиваат картичките за зелена нафта — 48.037 картички со поддршка од 584 милиони денари | FinPortal.mk

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство почна со распределбата на картичките за зелена нафта, со што финансиската поддршка за земјоделците пр