Земјоделците од оваа недела ги добиваат картичките за зелена нафта, поддршката зголемена за 12,3 отсто
FinPortal.mk · 5.10.2026 г.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од оваа недела започнува со доделување на првите картички за зелена нафта, што ќе им овозможи на земјоделците полесно да ја спроведат есенската обработка и подготовката на нивите. Ова го соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, на денешната прес-конференција што ја одржа заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски, во просториите на министерството. „Во пресрет на есенската обработка и подготовката на нивите, во текот на оваа недела започнуваме со доделување на првите картички за зелена нафта. За оваа мерка обезбедивме 584 милиони денари. Поддршката ја зголемивме за 12,3 проценти, со што директно го намалуваме трошокот за гориво во период кога земјоделците повторно влегуваат на нивите“, изјави министерот Серафимовски. Според неговите зборови, зголемената поддршка за зелената нафта е насочена кон директно намалување на трошоците за гориво токму во периодот кога земјоделците интензивно ги подготвуваат своите површини за есенската сеидба и обработка. Мерката, како што беше нагласено, е дел од напорите на министерството да им излезе во пресрет на земјоделците во клучната фаза од земјоделскиот циклус. Министерот Серафимовски истакна дека во следниот период приоритет на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе биде и исплатата на финансиската поддршка од два денари за килограм јаболко од бербата во 2024 година, кое е предадено до 30 јуни 2025 година. Станува збор за средства во висина од околу 150 милиони денари, за чија исплата налозите веќе се подготвени и сите производители што навремено поднеле барање и ги исполнуваат условите ќе бидат исплатени. На прес-конференцијата беше информирано и дека откупот на винското грозје е во завршна фаза. Винариите досега имаат прифатено и преработено речиси 80 милиони килограми грозје, вклучувајќи го сопственото производство, а дополнително се извезени околу 13 милиони килограми,