Земјоделците и сточарите од цела Македонија го блокираа патот Битола-Прилеп, бараат исплата на субвенциите
FinPortal.mk · 30.9.2026 г.
Земјоделци и сточари од цела Македонија денес излегоа на генерален протест и го блокираа патот Битола-Прилеп кај селото Тополчани, незадоволни од неисплатените субвенции и ниските откупни цени. Протестот, кој самите учесници го оценија како историски зашто ги обедини сите земјоделци од Македонија, заврши со заклучок барањата да бидат испратени до Владата, на која ѝ е даден рок од една недела да ги исполни. Во спротивно, сточарите и земјоделците најавија дека ќе преземат други радикални мерки. Претседателот на здружението „Пелагониско Поле“, Тони Петровски, објасни дека со моменталната цена на млекото и нафтата сточарите се на работ да преживеат и да ја прехранат стоката. Тој потсети дека со месеци чекаат исплата на субвенциите по литар предадено млеко, и тоа шест месеци од 2025 година и првите четири месеци од 2026 година, што значи вкупно десет месеци без земен денар. Станува збор за субвенцијата од шест денари по литар, во услови кога откупната цена на млекото падна од 32 на 25 или 26 денари. „Со секој литар предадено млеко имаме страв дали утре ќе дојде млекарницата да го земе или ќе го остави“, рече Петровски. Тој посочи и дека во 2024 и 2025 година сточарите добивале субвенции од 12.000 денари за обележано грло стока, а од 2026 година по 8.000 денари. Со изменетиот правилник, како што објасни, не се зема предвид грло помладо од 12 месеци и постара крава од 80 месеци. Сточарите побараа да се врати стариот Правилник за утврдување на условите за субвенциите, да се зголемат субвенциите по грло од 12.000 на 15.000 денари и да добиваат по 10 денари субвенција по предаден литар млеко. Субвенции не се исплатени ни во овчарството. Над 10.000 овци угинаа од овчи сипаници, а сточарите велат дека уште чекаат да се набават вакцини од Турција. Земјоделците се пожалија дека катастрофални се и состојбите во полјоделството. Земјоделецот Зоран Јанкулов направи споредба со состојбите од 1993 година, посочувајќи дека цената на пченицата тогаш била 13 денари, а во 2026 година е 10