Здравствените работници ја гледаат корупцијата, но ретко ја пријавуваат

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Речиси 84 отсто од здравствените работници во Македонија сметаат дека корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат, но само седум отсто од оние кои имале сознанија за коруптивни практики всушност го пријавиле случајот. Ова го покажало истражувањето на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ, спроведено на крајот на 2025 година. Податоците откриваат голем јаз меѓу свеста за постоењето на корупцијата и подготвеноста таа да се пријави. Иако огромното мнозинство од вработените во здравството ја препознаваат распространетоста на коруптивните практики, само мал дел од нив реагираат или ги пријавуваат случаите. Ова беше еден од клучните наоди претставени во рамки на активностите за зајакнување на капацитетите на медицинскиот персонал. Повеќе од 160 здравствени работници и соработници од целата држава минаа низ регионални обуки за борба против корупција во здравството. На обуките учествуваа доктори, медицински сестри, акушерки, психолози, социјални работници и административен персонал, а тие се одржаа во осум градови во сите плански региони во Македонија. Обуките се дел од активностите за зголемување на капацитетите на медицинскиот персонал да ги препознава сите форми на корупција и да се вклучи во нивното спречување. Тие се одржаа во рамки на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“, кој го спроведува Здружението ЕСЕ. „Целта е да се зајакнат знаењата и практичните капацитети на учесниците за професионално и етичко постапување, препознавање на корупциските ризици и различните форми корупција, разбирање на нивната родова димензија, како и соодветно реагирање и користење на механизмите за пријавување“, изјави Борјан Павловски од Здружението ЕСЕ. Според него, преку практични примери, дискусии и интерактивна работа, учесниците ги поврзаа овие теми со секојдневната професионална практика, а работеа и на унапредување на професионалните стандарди, еднаквиот третман на пациент

Здравствените работници ја гледаат корупцијата, но ретко ја пријавуваат | FinPortal.mk

Речиси 84 отсто од здравствените работници во Македонија сметаат дека корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат, но само седум о