Заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов — 40 учесници од осум земји развиваа лидерски вештини во Охрид

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Ѓорге Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание обедини 40 учесници од Македонија, САД, Азербејџан, Турција, Египет, Јапонија, Непал и Авганистан, кои преку менторство, предавања, работилници и групни проекти ги развиваа своите лидерски вештини и работеа на практични решенија за современите предизвици. Програмата се одвиваше во три поврзани фази. Менторската програма, реализирана втора година по ред, започна во средината на септември и вклучи 13 алумни ментори. Преку индивидуална поддршка, учесниците работеа на препознавање на своите потенцијали и определување лични и професионални цели. Како втора фаза следуваа онлајн сесиите од 26 до 29 октомври, а третата фаза ја опфати интензивната целодневна програма во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, од 31 октомври до 6 ноември. Во средиштето на годинашната Школа беа одговорното лидерство, меѓународната соработка и претворањето на идеите во остварливи решенија. Дискусиите ги поврзаа глобалните политички и општествени промени со технолошкиот развој, етиката, когнитивната сувереност и самостојното расудување. Покрај поранешниот претседател на Република Македонија и основач на Школата за млади лидери, д-р Ѓорге Иванов, во програмата учествуваа околу 30 предавачи и говорници од земјата и од странство. Меѓу говорниците беа Берти Ахерн, поранешен премиер на Ирска; проф. д-р Џефри Сакс, директор на Центарот за одржлив развој при Универзитетот Колумбија и претседател на Мрежата на ОН за решенија за одржлив развој; Рик Хатавеј, коосновач и извршен директор на Global Learning Lab International; Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација; Рза Алиев, генерален секретар на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“; Рашела Мизрахи, пратеничка во Собранието на Република Македонија; и Зоран Јолевски, поранешен министер за одбрана и поранешен амбасадор в

Заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов — 40 учесници од осум земји развиваа лидерски вештини во Охрид | FinPortal.mk

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Ѓорге Иванов, посветена на т