Започна изработката на документацијата за експресниот пат Радовиш – Струмица – Ново Село до бугарската граница

FinPortal.mk · 3.10.2026 г.

Министерството за транспорт и врски започна постапка за избор на проектантска, односно консултантска куќа која треба да ја подготви целокупната документација за изградба на експресен пат што ќе се протега од Радовиш, преку Струмица и Ново Село, сè до границата со Бугарија. Оваа информација беше потврдена при денешната работна посета на заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на Струмица, каде тој разговараше со градоначалникот Петар Јанков за инфраструктурните проекти во општината и плановите за нејзин понатамошен развој. На средбата во Струмица присуствуваа и претставници на општинската администрација, како и пратениците Ели Панова и Жан Дрвошанов. Според информациите од Министерството за транспорт, само преку ова министерство во Струмица се реализираат инфраструктурни проекти во вредност од над седум милиони евра. Меѓу нив е и изградбата на атмосферски канализациски систем во населеното место Просениково, чија вредност изнесува 46,6 милиони денари. Централна тема на разговорите, сепак, беше патната и комуналната инфраструктура, како и проектите што Владата ги поддржува во оваа општина. Една од поголемите најавени инвестиции за целиот регион е токму изградбата на експресниот пат кој треба да се протега од Радовиш, преку Струмица и Ново Село, до границата со Бугарија. За овој проект во моментов е започната постапка за избор на проектантска, односно консултантска куќа која треба да ја подготви целокупната документација. Планирано е да бидат изработени предпроектна документација, еколошки и социјални студии и физибилити студија. По завршувањето на документацијата треба да следува тендер за избор на изведувач и изградба на патот. Николоски претходно најави дека проектот е планирано да се финансира со сопствени средства на Јавното претпријатие за државни патишта. Според неговите најави, целта е новиот експресен пат да не завршува во Струмица, туку преку Ново Село да продолжи до македонско-бугарската граница. Од Министерството за тра

Започна изработката на документацијата за експресниот пат Радовиш – Струмица – Ново Село до бугарската граница | FinPortal.mk

Министерството за транспорт и врски започна постапка за избор на проектантска, односно консултантска куќа која треба да ја подготви целокупната документација за