Заменик-директорот на „Национални шуми“ објави видео од апсењето на дрвокрадците во Банско

FinPortal.mk · 15.9.2026 г.

Заменик-директорот на „Национални шуми“, Кире Михаилов, реагираше на последните случаи на напади врз службени лица од страна на криминалци поврзани со дрвокрадството, при што објави видео запис од уапсените дрвокрадци. Реакцијата доаѓа по инцидентот што се случи на 13 септември околу 12:30 часот во струмичкото село Банско, кога полициски службеници биле нападнати додека се обидувале да извршат контрола врз лица осомничени за нелегална сеча на дрва. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при обидот за контрола еден од возачите го стартувал возилото и удрил во полициски службеник од мисијата Фронтекс, кој е државјанин на Полска. Потоа истото возило удрило и во трактор марка „ИМТ“, управуван од локален жител на Банско. Полицијата успеала да ги онеспособи возилата и ги уапсила двајцата дрвокрадци затечени во самото дело. Михаилов во својата објава на социјалните мрежи потсети и на други напади врз службени лица во минатото, нагласувајќи дека ваквите случаи сега се поретки, токму поради високите казни предвидени за лицата кои ги напаѓаат службениците при извршување на нивните задачи. Како пример го посочи токму селото Банско, каде што, како што наведува, во 2014 година бил тешко повреден шумочувар при напад. Во објавата тој потсетува и на нападот врз шумските полицајци на територијата на Општина Чашка во 2024 година, како и на неодамнешниот случај во Штипско, каде што, според него, биле нападнати службеници. Со тоа Михаилов ја нагласува континуираната изложеност на теренските работници на ризик од насилство додека ја извршуваат својата законска должност. Во објавата Михаилов испраќа јасна порака дека непочитувањето на законите и нападите врз службените лица мора да имаат соодветни последици. „Како што кажав, кога-тогаш, како на видеово од синоќа, ќе ги снајде истото сите оние кои не го почитуваат Законот“, наведува тој во својата порака. Тој додава дека во Министерството за внатрешни работи и во останатите институции работат службеници кои чесно и професион

Заменик-директорот на „Национални шуми“ објави видео од апсењето на дрвокрадците во Банско | FinPortal.mk

Заменик-директорот на „Национални шуми“, Кире Михаилов, реагираше на последните случаи на напади врз службени лица од страна на криминалци поврзани со дрвокрадс