Зајкова: Владата да ги субвенционира граѓаните наместо да се фали дека соседите точат евтино гориво кај нас
FinPortal.mk · 27.9.2026 г.
Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, ја повика Владата итно да преземе мерки за заштита на македонските граѓани и компании од кризата што се најавува, наместо да се расфрла со фалби дека соседите точат евтино гориво во Македонија. Во гостување во Дневникот на Сител, таа оцени дека ваквите изјави не им помагаат на граѓаните, кои, како што посочи, се најсиромашни во регионот, а притоа државата го субвенционира данокот. „ЛДП беше меѓу првите партии која што излезе и кажа дека Владата навистина треба да преземе итни мерки, особено сега кога имаме изјави од страна на претседателот на Соединетите Американски Држави дека непријателствата ќе продолжат. Тоа значи дека имаме криза во најава“, изјави Зајкова. Според неа, мерките не смеат да останат само на изјави дека македонските граѓани имаат најевтино гориво, ниту пак на фалби дека соседите точат гориво во Македонија, додека ние го субвенционираме данокот. Зајкова предложи конкретно решение за олеснување на товарот врз граѓаните и компаниите. „Прашањето е како на македонските граѓани и компании да им ја олесниме целата оваа криза? Еве, еден предлог може да биде начинот на кој што функционира Мој ДДВ. Можеби нели, оние кои што се даночни обврзници на Македонија и фирми регистрирани во Македонија при точењето на гориво да скенираат и да добијат некаков поврат на средства“, посочи претседателката на ЛДП. Таа смета дека ваквиот пристап остава можност и поголемите партии, кои што примаат пари од државата за аналитички центри, да ги искористат средствата и за покреативни мерки и решенија во делот на кризата, а не само за отровни партиски соопштенија. Во гостувањето, Зајкова се осврна и на студентскиот оброк, потсетувајќи дека е креатор на законското решение кое претходно студентите не го уживаа и кое беше воведено во 2020 година. Според неа, самиот закон, по амандман на Форумот за образовни промени, има одредба во која се вели дека износот на субвенцијата треба да се