Зајкова: Независноста ја потрошивме на чекање за ЕУ, а основните работи дома не ги научивме
FinPortal.mk · 26.9.2026 г.
Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, оцени дека Македонија целата своја независност ја потрошила на европските интеграции, а притоа не ги научила основните работи. Во гостување во Дневникот на Сител, таа порача дека е крајно време државата да почне да се однесува независно, наместо постојано да следи некој процес и да чека некој друг нешто да каже. Зајкова потсети дека прославивме 35 години од независноста и самостојноста на Македонија и дека е крајно време работите да се преземат во свои раце. Според неа, темата за европските интеграции треба да се сврти кон тоа дека процесот на европска интеграција всушност треба да донесе Македонија да изгледа како една либерална Холандија, либерална Словенија или либерален Луксембург, и дека ние треба да се грижиме за нашиот дел дома. Таа се запраша дали живееме по европски терк ако излеземе по улиците низ главниот град и изрази сомнеж дека е тоа така. Во нејзината глава, во главата на нејзините сопартијци и на голем број граѓани, како што рече, процесот на евроинтеграција не треба да остане само нешто далечно, туку да донесе до реформи внатре во државата. Претседателката на ЛДП верува дека граѓаните не се уморни од тоа што ние си ја реформираме државата внатре, туку се уморни од буквално ваквите чекања, кажувања и долготрајни гледања дека нема резултати. „Ние целата независност ја потрошивме на европските интеграции, ама изгледа очигледно не ги научивме основните работи“, рече Зајкова. Според неа, не е јасно што се очекува одлучувачки да донесе претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, затоа што Европската комисија не е таа која што одлучува, туку одлучува Советот и земјите членки. Таа потсети дека имаме заклучоци на Советот и дека повторно се враќаме на тоа дека постојано чекаме некој нешто да ни донесе или да ни каже. „Ја чекаме Урсула, ја чекаме Ангела, го чекаме не знам кој. Дајте ние да си ги завршиме дома обврските согласно она што ни е да