Зајкова бара 10.000 потписи за референдум за електронски нараквици за насилниците

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка Моника Зајкова објави петиција со која од граѓаните се бара да поддржат воведување електронска нараквица за следење на сторителите на семејно насилство. Петицијата е покрената по барање на граѓаните, а нејзина цел е да се соберат 10.000 потписи за референдум за итно воведување на оваа мерка, соопшти Зајкова. Според петицијата, електронската нараквица треба да ја предупреди жртвата и да ги алармира надлежните кога насилникот е поблиску од законски утврденото растојание. Предложените измени и дополнувања на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, покрај изречената забрана за приближување, предвидуваат сторителот да носи електронска нараквица која ќе ја предупредува жртвата дека истиот се приближува до одредено место, односно на одредена оддалеченост. ЛДП во рок од една година двапати поднесе предлог за измени и дополнувања на овој закон, но и двата пати предлогот беше одбиен од собраниското мнозинство. Првиот пат предлогот беше одбиен со образложение дека се потребни подетални анализи. Во март годинава пратеничкото мнозинство повторно го одби предлогот на Зајкова за воведување електронска нараквица за сторители на семејно насилство. Од вкупно 97 регистрирани пратеници, само 27 гласаа „за“, со што предлогот не беше прифатен. По второто одбивање, Зајкова остро реагираше, оценувајќи дека пратениците од мнозинството избрале да бидат соучесници во насилството наместо да ја поддржат превенцијата. „Пратениците од мнозинството денес повторно избраа да бидат соучесници во насилството наместо превенција, одбивајќи го по вторпат предлогот за воведување електронска нараквица за следење на сторителите на насилство, мерка што значи превенција, што значи спасени животи, што значи реална заштита“, изјави тогаш Зајкова. Таа додаде дека предлогот бил отфрлен без никакво образложение или аргумент, и предупреди дека утре ќе изразуваат жалење за секој нов случај што не го превенирале. „Б

Зајкова бара 10.000 потписи за референдум за електронски нараквици за насилниците | FinPortal.mk

Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка Моника Зајкова објави петиција со која од граѓаните се бара да поддржат воведување електронска н