Задолжувањето на граѓаните расте: кредитите достигнаа 4,93 милијарди евра, а штедењето 7,51 милијарда
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Кредитите на граѓаните во Македонија во септември достигнаа приближно 4,93 милијарди евра, покажуваат податоците на Народната банка објавени по повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври. Истовремено, депозитите на домаќинствата во истиот период изнесувале 7,51 милијарда евра, што значи дека заштедите на населението се повисоки од задолжувањето за повеќе од две милијарди евра. Вкупните депозити во банкарскиот систем во септември достигнале речиси 11,2 милијарди евра. Од нив, депозитите на домаќинствата изнесувале 7,51 милијарда евра, наспроти околу 7,2 милијарди евра на почетокот на годината. Тоа претставува зголемување од приближно 310 милиони евра за девет месеци, и покрај инфлацијата и високите животни трошоци. Сепак, вкупната сума на депозити не открива колку од овие средства се распределени меѓу населението, а колкав дел е концентриран кај граѓаните со најголеми приходи. Кога вкупната сума би се поделила на околу 1,83 милиони жители, просекот би изнесувал приближно 4.100 евра по жител, но тоа е само математичка пресметка, а не реална слика за заштедите на граѓаните. Во депозитите се вклучени и средствата на трансакциските сметки, парите по видување и орочените депозити, односно не станува збор само за долгорочна заштеда. За да се утврди колку навистина штеди просечниот граѓанин, потребни се подетални податоци за висината на депозитите и бројот на штедачи. Самата вкупна сума не покажува колку домаќинства имаат значителни заштеди, а колку едвај располагаат со средства за тековните потреби. Во текот на годината депозитите на домаќинствата бележеле претежно раст, но имало и повремени намалувања. Во март граѓаните повлекле околу 31,8 милиони евра, додека во јули заштедите достигнале приближно 7,52 милијарди евра. Во август се намалиле на 7,49 милијарди, за во септември повторно да пораснат на 7,51 милијарда евра. Податоците укажуваат дека истовремено расте и задолжувањето на населението, но и штедењето, што ја одразува сложената финансиска состојба на домаќинств