Вториот тендер за салата „Џексон“ во Штип го надминал законскиот лимит за дополнителни работи

FinPortal.mk · 30.9.2026 г.

Изградбата на спортската сала „Џексон“ во Штип чинела 2,3 милиони евра, но притоа повеќекратно бил надминат законски утврдениот лимит од 20 отсто за дополнителни работи, се вели во истражувањето „Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај 3“, што го спроведе Центарот за граѓански комуникации. Салата беше пуштена во употреба во почетокот на септември и има капацитет за 1.500 гледачи. Првиот договор за изградба на објектот изнесуваше околу 1,1 милион евра и предвидуваше дека дополнителните и непредвидените работи не смеат да надминат 20 отсто од неговата вредност, односно околу 220.000 евра. Во текот на изградбата, проектот беше изменет. Наместо анекс кон постојниот договор, Општина Штип објави нов тендер насловен „Дополнителни и непредвидени работи за објектот“, врз основа на кој е склучен нов договор во вредност од околу 1,25 милиони евра со ДДВ, што е поголем и од првиот основен договор. Вториот тендер не се однесуваше на нова, одвоена градба или на независен проект, туку на „дополнителни и непредвидени работи“ на објектот што веќе се градеше. „Со самиот предмет на набавката наведен од Општина Штип е очигледно дека станува збор за продолжување и дополнување на веќе започнатите градежни работи. Член 119 од Законот за јавни набавки е дециден дека вредноста на непредвидените и дополнителните работи не смее да надмине 20 отсто од основниот договор“, се вели во истражувањето. На вториот тендер понуда доставила само една фирма, „Сандра инженеринг“ од Скопје, истата што веќе ја градеше салата. Од септември 2025 до јули 2026 година, истата фирма паралелно изведуваше два договора на ист објект и под ист надзор. „Тоа што тендерот беше спроведен преку отворена постапка овозможи само формална транспарентност. Тендерската документација...“, се наведува во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации. Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации го отвора прашањето за законитоста на постапката со која Општина Штип го доделила вториот договор за дополнителни р

Вториот тендер за салата „Џексон“ во Штип го надминал законскиот лимит за дополнителни работи | FinPortal.mk

Изградбата на спортската сала „Џексон“ во Штип чинела 2,3 милиони евра, но притоа повеќекратно бил надминат законски утврдениот лимит од 20 отсто за дополнителн