Врховен суд ги укина пресудите за пожарот во тетовската модуларна болница и предметот го врати на повторно судење
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Врховниот суд ги укина пресудите за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој на 8 септември 2021 година загинаа 14 лица, и предметот го врати на повторно судење. Одлуката е донесена на 22 октомври, а денеска е објавена од Врховниот суд, пренесуваат медиумите. Со неа се уважени барањата за вонредно преиспишување на правосилната пресуда поднесени од двајцата осудени, поранешниот директор на Клиничката болница Тетово, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор Артан Етеми. Укинати се пресудата на Основниот суд Тетово од 16 мај 2025 година и пресудата на Апелациониот суд Гостивар од 26 ноември 2025 година. Со второстепената пресуда на двајцата им беа изречени затворски казни од по три години за кривичното дело „Тешки дела против општата сигурност“. Во образложението, Врховниот суд наведува дека пониските судови не објасниле доволно од кои докази произлегува заклучокот дека двајцата обвинети постапувале како соизвршители. Не било јасно ниту врз основа на кои докази е утврдено дека заеднички не ги обезбедиле потребните противпожарни апарати и хидрантската мрежа. Посебно внимание е посветено на прашањето дали необезбедувањето противпожарна опрема било причина за избувнувањето на пожарот или имало влијание врз неговото ширење и последиците. Врховниот суд оценил дека пониските судови недоволно ја утврдиле причинско-последичната врска меѓу конкретните пропусти што им се ставаат на товар на обвинетите и смртта на 14 лица. Според судот, сериозни недостатоци има во образложенијата на пониските судови, особено во делот на причинско-последичната врска меѓу постапувањето на обвинетите и трагедијата, како и во оценувањето на доказите за причините и ширењето на пожарот. Во одлуката се разгледуваат и различните вештачења за причините за пожарот. Според едното вештачење, пожарот настанал поради електрична куса врска поврзана со кабелот на дефибрилатор што бил користен при реанимација на пациент. Од друга страна, во германското вештачење се наведува дека пожарот најверојатн