Возот Скопје – Приштина ќе тргне кон крајот на следната година, најави Николоски

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Железничката линија меѓу Скопје и Приштина би можела да биде ставена во функција до крајот на следната година, откако Косово ќе ги заврши работите на својата железничка инфраструктура, најави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Според него, железничкото поврзување од македонска страна веќе постои, но косовската страна работи на модернизација на својата инфраструктура, при што треба да биде завршен уште еден тунел. Николоски ова го изјави во поткастот „Каде се парите?“, каде што детално објасни дека македонската страна е подготвена и дека единственото нешто што останува е косовската железничка инфраструктура да биде целосно оспособена. „За Скопје – Приштина, ние имаме железничко поврзување, од страна на Косово се работи на модернизација, има уште еден тунел којшто треба да се заврши. Јас одржав две средби со министерот за транспорт во изминатите месец дена, така што кога ќе го завршат нивниот дел, ќе може да функционира возот“, рече Николоски. Тој посочи дека најголем дел од трасата на македонска територија би бил дел и од идното проширување на градскиот воз во Скопје. Според Николоски, првата траса од Зелениково до Нова Железничка веќе е пуштена, додека втората треба да се протега од Нова Железничка до Волково и Ѓорче Петров, а третата од Нова Железничка до Илинден и Агино Село. Николоски очекува железничкото поврзување со Приштина да има позитивен ефект и врз сообраќајот и загадувањето во Скопје. „Во моментов 30% од возилата во Скопје доаѓаат од запад, 30% доаѓаат од исток, а останатите некаде околу 40% доаѓаат од север. Има доста дневна миграција, преку 10.000 возила одат дневно кон и од Косово и доколку успееме да ги натераме да се качат во воз и за точно 50 минути од центарот на Приштина да стигнат до центарот на Скопје, сум убеден дека ќе влијае на намалување на загадувањето на Скопје“, истакна тој. Тој додаде дека по завршувањето на работите во Косово, на македонската страна ќе ѝ бидат потребни околу четири до шест ме

Возот Скопје – Приштина ќе тргне кон крајот на следната година, најави Николоски | FinPortal.mk

Железничката линија меѓу Скопје и Приштина би можела да биде ставена во функција до крајот на следната година, откако Косово ќе ги заврши работите на својата же