Воздухопловната индустрија се враќа на стари материјали поради недостиг на ретки минерали

FinPortal.mk · 21.9.2026 г.

Недостигот на ретки земни минерали ја принудува воздухопловната индустрија повторно да разгледува материјали што се користеле пред неколку децении, во обид да ја намали зависноста од Кина. Овие суровини се важни за производство на повеќе воздухопловни и воени системи, вклучително и за заштитни облоги на млазни мотори, делови од турбини и полупроводнички чипови. Кина има речиси монополска позиција во снабдувањето со ретки земни минерали и други материјали како итриум, индиум фосфид и волфрам. Поради стравувањата од нарушувања во снабдувањето и растот на цените, производителите и добавувачите сè повеќе се свртуваат кон постари технологии. Проблемот е особено значаен за производството на делови за млазни мотори, каде што современите материјали на база на ретки земни минерали имаат важна улога. Канадскиот Национален истражувачки совет (NRC) веќе работи на пронаоѓање алтернативи за топлинските заштитни облоги што се користат во најжешките делови од млазните мотори. Заедно со индустриски партнери, истражувачите испитуваат дали циркониум диоксидот и други керамички оксиди, кои се користеле уште во 1970-тите и 1980-тите години, можат да ги достигнат својствата на современите облоги. Истражувачот во NRC, Рожерио Лима, вели дека денес постојат подобри инструменти и поразвиени методи со кои старите материјали можат дополнително да се усовршат. Според него, современите алатки овозможуваат прецизно прилагодување на својствата на постарите материјали, што отвора можност за нивна повторна примена во услови кога современите суровини се недостапни или прескапи. И европскиот производител на топлински заштитни облоги „Oerlikon Metco“ веќе нуди одредени производи без ретки земни минерали и развива нови решенија. Меѓу нив се облоги на база на циркониум диоксид со додатоци на магнезиум и калциум. Алтернативи истражуваат и некои американски добавувачи, особено за делови каде што примената на новите материјали носи помал ризик. Дополнителни количини на суровини би можеле да се обезбедат и

Воздухопловната индустрија се враќа на стари материјали поради недостиг на ретки минерали | FinPortal.mk

Недостигот на ретки земни минерали ја принудува воздухопловната индустрија повторно да разгледува материјали што се користеле пред неколку децении, во обид да ј