Воената академија ќе ги разгледува јавните настапи на Петар Богојески по иницијатива на Љупчо Златев

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје ќе ги разгледува јавните настапи и ставови на доц. д-р Петар Богојески, откако уредникот на Радио Лидер, Љупчо Златев, поднел иницијатива до институцијата за испитување на неговата професионална и етичка одговорност. Златев сам го соопштил овој чекор на своите профили на социјалните мрежи, информирајќи ја јавноста дека Академијата ја прифатила неговата иницијатива. Од Воената академија одговориле дека доставените материјали ќе бидат разгледани од надлежните тела, кои треба да утврдат дали постојат повреди на професионалните и етичките обврски на Богојески. Притоа, од институцијата нагласиле дека академската слобода и слободата на изразување не ја исклучуваат одговорноста на вработените за нивните јавни настапи и ставови. Во одговорот на Академијата се наведува и дека Етичкиот кодекс на институцијата предвидува можност за формално оградување од јавни ставови на вработени, како и иницирање постапка пред надлежниот работодавец, доколку за тоа постои правна основа. Со тоа, институцијата отвора простор за понатамошна проверка на случајот преку своите внатрешни тела. Академијата истовремено се огради од личните политички и идеолошки ставови на своите вработени, посочувајќи дека нивните јавни настапи во лично својство не претставуваат официјални позиции на институцијата. Од установата нагласуваат дека евентуалните мерки ќе зависат од утврдените факти и ќе бидат донесени по непристрасна постапка, со почитување на правата на засегнатите лица. Најавено е и дека јавноста ќе биде информирана за заклучоците и преземените мерки во рамките на законските можности. Иницијативата на Златев следува по реакциите на јавните настапи на Богојески, особено по неговото гостување во емисијата „Под лупа“ на ТВ Алфа. Претходно, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги осуди неговите ставови, оценувајќи дека со нив се релативизира и оправдува насилството врз жените и децата и се промовира нивната подредена положба. Засега н

Воената академија ќе ги разгледува јавните настапи на Петар Богојески по иницијатива на Љупчо Златев | FinPortal.mk

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје ќе ги разгледува јавните настапи и ставови на доц. д-р Петар Богојески, откако уредникот на Радио Лидер