Во Велес почна изградбата на подземна катна гаража и нов плоштад
FinPortal.mk · 13.9.2026 г.
Во Велес официјално почна изградбата на подземна катна гаража и нов градски плоштад, проект за кој премиерот Христијан Мицкоски изрази очекување дека објектот ќе биде пуштен во употреба до крајот на првата половина на следната година. Мицкоски, кој присуствуваше на почетокот на работите, изјави дека за проектот разговарал со градоначалникот на Велес, Марко Колев, уште во периодот кога тој првпат бил кандидат за градоначалник. Според премиерот, денес заедно со велешани може да се посведочи дека е завршена голема работа, бидејќи, како што рече, од она што може да се види, подготовката е направена. „Моето искуство вели дека кога подготовката е добро направена, тоа значи 90 отсто завршена работа“, рече Мицкоски. Премиерот нагласи дека доколку изградбата се одвива според предвидениот план, подземната гаража и плоштадот би требало да бидат завршени кон крајот на првата половина на следната година. „Сигурен сум дека, ако се оди според планот, а не гледам причина зошто да не биде така, кон крајот на првата половина на следната година ќе можеме да го пуштиме овој објект во употреба, за да го користат велешани и да уживаат во новиот плоштад“, изјави премиерот. Тој најави дека Владата ќе продолжи да ги поддржува инфраструктурните проекти во општините и очекува проектите од првиот и од вториот повик делумно да бидат завршени до крајот на годинава, а останатите на почетокот на следната година. „Преку ЗЕЛС, општините имаат насоки да подготвуваат проекти за следната година. Цениме дека овие проекти даваат резултати, а тоа се гледа и преку економската активност на македонските компании“, додаде Мицкоски. Премиерот му честиташе на градоначалникот Колев за реализацијата на проектот и им се заблагодари на општинските советници, администрацијата, владините претставници, пратениците од Велес и на граѓаните за трпението. Со почетокот на работите во Велес, општината добива нов централен плоштад и подземна катна гаража, кои според најавите треба да го подобрат изгледот на градското јадро и