Во Собранието денеска втора работна сесија на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија
FinPortal.mk · 25.9.2026 г.
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе се одржи Втората работна сесија на 25. Мешовит парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија, по вчерашниот отворен состанок на кој ко-претседаваа пратеничката Иванка Василевска и европратеникот Карло Реслер. На отворањето на вчерашниот состанок, Василевска изрази благодарност до европратениците за континуираната и недвосмислена поддршка на процесот на проширување на Европската Унија. Таа повтори дека Европскиот парламент позитивно ги оценува постигнатите реформски чекори, стабилноста на меѓуетничките односи и високото ниво на усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, препознавајќи ја земјата како кредибилен и сигурен партнер на НАТО и на Унијата, вклучително и преку учеството во мисиите и операциите на Унијата. Василевска истакна дека како земја-кандидат има јасна одговорност доследно да ги спроведува неопходните реформи и континуирано да ги усогласува своите политики со европските стандарди и вредности, особено во областите на енергетиката, транспортот, трговијата, одбраната и безбедноста. Според неа, кредибилитетот на процесот на пристапување се темели на заемна доверба и исполнување на обврските од двете страни. Затоа, како што рече, од особено значење е постигнатиот напредок на земјите кандидати да биде соодветно препознаен и вреднуван, а европската политика на проширување да остане предвидлива и конзистентна. Само преку таков пристап, нагласи Василевска, може да се обезбеди одржлив реформски процес, да се зацврсти европската перспектива на земјите кандидати и истовремено да се придонесе кон посилна, победна и поотпорна Европска Унија, способна поефикасно да одговори на предизвиците на глобалната конкуренција. Таа оцени дека одложувањето на процесот на проширување може да влијае врз европската позиција и присуството во регионот, особено во услови на зголемена конкуренција на влијанија. Оттука, рече, важно е проширувањето да остане кредибилен, предвидлив и динамичен п