Во Штип воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка, иницијатива на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Во Клиничката болница во Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за пациентки со рак на дојка, соопшти Марија Митева, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата. Таа оваа информација ја сподели на панел-дискусија организирана од Унијата на жени по повод Розовиот октомври, месецот посветен на подигнување на свеста за борбата против ракот на дојката, што се одржа под мотото „Сплотено дејствуваме за една победа повеќе“. Митева објасни дека иницијативата произлегла од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, а нејзината цел била да се обезбеди побрза, покоординирана и подостапна грижа за жените од Штип и од целиот источен регион. Според неа, клучното прашање што ја поттикнало идејата било дали постојната инфраструктура, стручните кадри и медицинските капацитети можат подобро да се поврзат за пациентката да добие навремена и координирана здравствена услуга. „Одговорот беше едноставно – можеме“, изјави Митева, додавајќи дека токму затоа денешниот ден во Штип има посебно значење за Унијата на жени. Претседателката на Унијата на жени јавно изрази благодарност до министерот за здравство Сашо Клековски и до целиот тим на Министерството за здравство за, како што рече, брзата и конструктивна реакција. Таа потенцираше дека кога ја соопштиле идејата, немало непотребно одлагање ниту бирократско префрлање на одговорноста, туку иницијативата веднаш била разбрана, прифатена и разгледана како можност нешто што веќе постои во системот да биде организирано подобро во интерес на пациентите. Според Митева, значењето на оваа иницијатива е многу пошироко од конкретниот случај. Таа оцени дека начинот на кој една институција реагира кога пред неа ќе се појави добра идеја кажува многу за здравствениот систем што ВМРО-ДПМНЕ сака да го гради. Во тој контекст, таа ја истакна улогата на Унијата на жени, нагласувајќи дека таа не е само внатрепартиска организација, туку мора да биде место каде искуството од теренот се претвора во политичка идеја, политичката

Во Штип воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка, иницијатива на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ | FinPortal.mk

Во Клиничката болница во Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за пациентки со рак на дојка, соопшти Марија Митева, претседателка на Унијата на жени на