Во септември регистрирани 1.042 случаи на акутни заразни болести, за 22 отсто повеќе од лани

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Во текот на септември во земјава се регистрирани 1.042 случаи на акутни заразни болести, што претставува зголемување од 22 отсто во споредба со истиот месец минатата година, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје. Најзастапени меѓу нив се ентероколитисите, со вкупно 694 случаи, а во истиот период се евидентирани и 123 случаи на овчи сипаници. Според Институтот за јавно здравје, посебна загриженост предизвикува западно-нилската треска. Во септември се потврдени 16 случаи на ова заболување, а четири лица починале. Во меѓувреме, на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ се бележи зголемен број амбулантски прегледи поради респираторни инфекции. „Засега нема изолиран случај на грип. Во овој период очекувана ни е оваа бројка која што ја имаме во текот на 24 часа и бројката на хоспитализирани деца. Ако споредиме со летните месеци и почетокот на септември, да, бројот е зголемен, но не е ништо што не очекуваме во овој период од годината, веќе за есенски денови, како што почна есента и како што децата се вратија во колективите“, изјави д-р Филип Доксимовски од Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“. Во тек е вакцинацијата против сезонски грип. Најголем интерес покажуваат лицата над 65 години и хронично болните, кои се пријавуваат за вакцинација преку системот „Мој термин“. Според податоците на Институтот за јавно здравје, досега се потврдени два случаи на грип тип А, а регистрирани се и 65 случаи со симптоми слични на грип, кои не се лабораториски потврдени. Во меѓувреме, се очекува и испораката на јапонските вакцини против туберкулоза, откако употребата на бугарските беше стопирана поради сомнежи поврзани со нивниот квалитет. За изминатиот месец се регистрирани и осум нови случаи на ХИВ/СИДА, а две лица починале. „Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 30.09.2026), вкупниот број на пријавени ХИВ/СИДА случаи во 2026 година изнесува 49, додека кумулативниот број на лица реги

Во септември регистрирани 1.042 случаи на акутни заразни болести, за 22 отсто повеќе од лани | FinPortal.mk

Во текот на септември во земјава се регистрирани 1.042 случаи на акутни заразни болести, што претставува зголемување од 22 отсто во споредба со истиот месец мин