Во несреќи на работа во ЕУ лани загинале 3 367 работници, нефаталните случаи намалени

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Во Европската Унија во 2024 година во несреќи на работа загинале 3 367 лица, што претставува зголемување од 1,4 отсто, односно 45 смртни случаи повеќе во споредба со 2023 година. Истовремено, бројот на несреќи на работа со нефатален исход изнесувал 2,78 милиона, што е намалување од 1,5 отсто, односно 43 742 случаи помалку од претходната година. Ова го покажуваат податоците од европската статистика за несреќи на работа, кои Евростат ги објави денес. Меѓу економските сектори во ЕУ, градежништвото во 2024 година забележало далеку најголем број смртни случаи на работа, со 776 загинати работници. Оваа бројка е пониска од 2023 година, кога во градежништвото биле регистрирани 802 смртни случаи, што тогаш бил највисок број фатални несреќи поврзани со работа во една деценија. Кога станува збор за несреќите на работа со нефатален исход, преработувачката индустрија во 2024 година регистрирала повеќе од половина милион случаи, односно 509 851 несреќа, што е најголем број меѓу сите сектори. Сепак, оваа бројка е најниска во последната деценија, со исклучок на 2020 година, кога за време на глобалната пандемија бројот паднал на 498 060 несреќи. Од Евростат потсетуваат дека несреќа на работа се дефинира како настан што се случува во текот на работата и предизвикува физичка или ментална штета. Фатални несреќи на работа се оние што резултираат со смрт на жртвата во рок од една година од настанувањето на несреќата, додека нефаталните несреќи се оние што доведуваат до најмалку четири целосни календарски дена отсуство од работа. Објавените бројки претставуваат апсолутен број на регистрирани несреќи на работа во секој сектор и имаат за цел да го прикажат вкупниот обем и распределбата на несреќите меѓу секторите, а не разликите во стапките на несреќи, поради што треба да се толкуваат во контекст на големината на секој сектор.

Во несреќи на работа во ЕУ лани загинале 3 367 работници, нефаталните случаи намалени | FinPortal.mk

Во Европската Унија во 2024 година во несреќи на работа загинале 3 367 лица, што претставува зголемување од 1,4 отсто, односно 45 смртни случаи повеќе во според