Во МВР унапредени 428 албански полицајци, отворени осум административни единици

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

Во последните две и пол години во Министерството за внатрешни работи се спроведени конкретни чекори за подобрување на застапеноста и унапредувањето на Албанците, зголемување на вработувањата и децентрализација на услугите, соопштија од партијата „Вреди“. Според податоците што ги изнесе партијата, во кариерата се унапредени 428 албански полициски службеници. Покрај тоа, реализирани се над 100 вработувања на полициски службеници и над 50 вработувања во административните служби. Од „Вреди“ наведуваат дека се отворени осум единици за административни услуги, од кои пет се наоѓаат во рурални средини. Исто така, иницирани се пунктови „One Stop Shop“ во Блаце и Јажинце, а се предвидува нивно проширување и во Ќафасан, Блато и Белановце. Според партијата, за првпат е создадена можност за именување на Албанец за заменик-началник на сите единици на централно ниво во Министерството за внатрешни работи. Од „Вреди“ додаваат дека овие резултати ја потврдуваат посветеноста на ВЛЕН за правична застапеност, професионално унапредување и услуги поблиски до граѓаните.

Во МВР унапредени 428 албански полицајци, отворени осум административни единици | FinPortal.mk

Во последните две и пол години во Министерството за внатрешни работи се спроведени конкретни чекори за подобрување на застапеноста и унапредувањето на Албанците