ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски како папагал ги повторува предавничките политики на Филипче, им пречи што Фон дер Лајен ги пофали реформите
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ остро реагираа на денешната прес-конференција на Андреј Жерновски од СДСМ, оценувајќи дека тој „како папагал“ ги повторил предавничките политики на својот шеф Венко Филипче. Според соопштението на владејачката партија, Жерновски излегол пред јавноста и „ништо паметно не кажал“, туку само ги повторил ставовите на неговиот партиски лидер. Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа откако Жерновски на прес-конференцијата посочил дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен му ја кажала вистината во очи на премиерот Христијан Мицкоски. Од владејачката партија му порачаа дека наместо да си губи време, можел само да каже дека се појавил затоа што му наредиле да ги повтори антимакедонските ставови на Филипче, кој, како што велат, веројатно немал време бидејќи планирал пат за Дубаи или концерт на Харис Џиновиќ. „Кога главниот Коте од Руља на Заев и Филипче, односно лажниот амбасадор Жерновски излегува да зборува за надворешна политика, тогаш јасно е дека Владата е на добар пат, затоа што нив во СДС им смета сè што е добро за Македонија и македонските граѓани“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија оценуваат дека не е чудно зошто во СДС се кренала хистерија кога токму на средбата со претседателката на Европската комисија се иницираше подобрување на преговарачките позиции на Македонија и одблокирање на патот кон Европската Унија, по кој, како што тврдат, токму СДС заглавиле прифаќајќи сè што им се нудело на маса. ВМРО-ДПМНЕ упати и прашање до опозицијата со што ли се задолжени СДС во Бугарија, штом се кренала толкава хистерија дека постои можност за добивање гаранции и подобри позиции за Македонија. Според владејачката партија, залудни им се лагите и манипулациите на СДСМ, кога, како што наведуваат, јавно Фон дер Лајен ја истакнала Македонија предводена од Владата на ВМРО-ДПМНЕ како пример за спроведување на реформите и посветена работа за приклучување на Македонија кон Европската Унија. Од ВМРО-ДПМНЕ се ос