ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е симбол на кадровски неуспех и дебакл во СДС

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

ВМРО-ДПМНЕ оцени дека Андреј Жерновски е симбол на кадровскиот неуспех и дебаклот во СДС, реагирајќи на неговите ставови што ги објави МИА. Од владејачката партија порачаа дека СДС е партија која нема што да понуди и дека е типичен пример за партија која доживеала дебакл, кадровска неподготвеност и претставува фабрика за лаги и шпекулации. Според реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, фијаското на СДС како партија на чие чело е Филипче, под менторство на Зоран Заев, е тоа што партијата се наоѓа во целосен интелектуален и политички ќорсокак. Од партијата сметаат дека Жерновски, кого го опишуваат како несуден амбасадор и човек кој 20 години е на државна сметка, повторно беседи за тоа како државата не му се допаѓа и како системот не функционира. Од ВМРО-ДПМНЕ укажуваат дека токму ликови како Жерновски, кој сака да се занимава со меѓународни работи, немаат елементарни познавања, како што на пример не знае што означува акронимот НАТО и не знае дека Европското јавно обвинителство веќе има нов главен обвинител. Според партијата, сателитите од СДС на чело со Филипче и Заев ја распродавале државата и ја понижувале на секој можен начин, само за да си го наполнат сопствениот џеб, да инвестираат во Дубаи, да се луксузираат на јахти по Егејот и да купуваат акции од авиокомпании. Наместо да шират демагогија, од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека СДС треба да се извини на граѓаните што ги испокраде низ годините наназад. Во реакцијата се осврнуваат и на извештајот за напредокот на земјата за 2026 година, за кој велат дека Македонија бележи напредок во повеќе области во споредба со претходната година, особено во дигиталната трансформација, истражувањето, науката, образованието и владеењето на правото, што го потврдил и амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас. Во однос на креирањето немир и хистерија од страна на СДС и Филипче за Алта банка, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека е време СДС на чело со Филипче да престане да создава вештачка криза и да престане да ја руши довербата на граѓаните во институциите и финансискиот

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е симбол на кадровски неуспех и дебакл во СДС | FinPortal.mk

ВМРО-ДПМНЕ оцени дека Андреј Жерновски е симбол на кадровскиот неуспех и дебаклот во СДС, реагирајќи на неговите ставови што ги објави МИА. Од владејачката парт