ВМРО-ДПМНЕ: Зад пропаѓањето на Еуростандард банка стојат фирми блиски до СДС, банкарскиот систем денес е стабилен

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение во кое тврди дека СДС е партијата која е позната по пропаѓањето на банки и штедилници и по загрозувањето на банкарскиот систем во Македонија за време на нејзините владеења. Од партијата наведуваат дека штом СДС дојде на власт, по некоја банка пропаѓа, а како последен пример го посочуваат случајот со Еуростандард банка, која беше уништена во август 2020 година. Според соопштението, една од главните причини за пропаѓањето на Еуростандард банка била давањето кредити без соодветно покритие. Меѓу фирмите кои добиле големи кредити без покритие, ВМРО-ДПМНЕ ги наведува таканаречените „29 струмички“ фирми, меѓу кои има и компании блиски до тогашниот премиер и претседател на СДС, Зоран Заев. Конкретно, меѓу фирмите од Струмица кои зеле кредити без покритие од Еуростандард банка се Сара Инжинеринг на Вице Заев, како и Глобал медиа груп и Тритерол, кои се фирми на бизнис партнерите на Заеви. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека истите овие фирми „на слепо“ зеле огромни суми на пари од банката преку високоризични кредити кои потоа не ги враќале, при што се стекнале со богатство од 13 милиони евра. Во соопштението се наведува и дека граѓаните штеделе пари во банката, за тие преку кредити без покритие да завршат кај блиските на Филипче и Заев. Трагите на парите од Еуростандард банка, според партијата, покажуваат дека зад нејзиното пропаѓање стојат функционери и фирми блиски до функционерите на СДС, на чии сметки завршувале парите што граѓаните ги штеделе во банката. ВМРО-ДПМНЕ потсетува и дека СДС била на власт во 1997 година, кога пропадна битолската штедилница ТАТ, што предизвика целосен колапс на довербата во тогашниот банкарски систем и тешки социоекономски последици. Од партијата оценуваат дека, за среќа, СДС е минато и дека ниедно сценарио или желба на „антимакедонецот Венко Филипче“ за предизвикување општ хаос нема да му се исполни. На крајот од соопштението ВМРО-ДПМНЕ порачува дека банкарскиот систем во Македонија е стабилен и дека заштедите на граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: Зад пропаѓањето на Еуростандард банка стојат фирми блиски до СДС, банкарскиот систем денес е стабилен | FinPortal.mk

ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение во кое тврди дека СДС е партијата која е позната по пропаѓањето на банки и штедилници и по загрозувањето на банкарскиот систем в