ВМРО-ДПМНЕ: Владата привлекува американски инвестиции, СДС и Филипче нудат само демагогија и хистерија

FinPortal.mk · 25.9.2026 г.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напорна работа за привлекување нови инвестиции од Соединетите Американски Држави, отворање нови фабрики и нови работни места, со крајна цел подобрување на животниот стандард на граѓаните, соопштија од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека додека институциите работат на економски развој, опозицијата предводена од СДС и Венко Филипче нема никаква реална понуда за граѓаните, туку само лаги, празни ветувања и хистерија. „СДС и Венко Филипче продолжуваат со лажната грижа за граѓаните. Лицемерието на Филипче и СДС оди до таму што велат дека бил загрозен македонскиот идентитет и дека Македонија била во изолација“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение до јавноста. Од владејачката партија потсетуваат дека токму СДС е партијата што ја распродаде државата, го смени името на земјата и ја доведе Македонија во ќорсокак на патот кон Европа. Како главни виновници за таа состојба од ВМРО-ДПМНЕ ги наведуваат Заев, Филипче, Спасовски, Маричиќ и останатите функционери од редовите на СДС, за кои велат дека сега наводно се грижат за македонскиот идентитет. Во соопштението се нагласува дека Филипче, по сите жртви поврзани со случајот со модуларната болница и по сите скандали, меѓу кои и случајот со Онкологија и провизиите од вакцини, сега очекува дека народот ќе му верува за тоа колку тој бил загрижен за пензионерите, земјоделците, минималната плата и останатите предизвици за кои, како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, СДС нема ниту план ниту стратегија. Од партијата порачуваат дека Филипче треба да знае дека народот јасно виде кои се интересите на СДС, на Заев и на самиот Филипче, наведувајќи како примери инвестирањето во висококатници во Дубаи, луксузирањето на јахти по Егејот и скапите журки со Харис Џиновиќ. Според соопштението, додека СДС и Филипче нудат само демагогија, празни ветувања и хистерија, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на привлекување на нови инвестиции, отворање на нови фабрики, нови работни места и подобрување на жив

ВМРО-ДПМНЕ: Владата привлекува американски инвестиции, СДС и Филипче нудат само демагогија и хистерија | FinPortal.mk

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напорна работа за привлекување нови инвестиции од Соединетите Американски Држави, отворање нови фабрики и нови ра