ВМРО-ДПМНЕ: Судските структури на СДС и ДУИ продолжуваат да ги штитат криминалците
FinPortal.mk · 13.9.2026 г.
ВМРО-ДПМНЕ повторно упати остри обвинувања кон правосудството по неодамнешните одлуки на Врховниот суд за случајот „Ласкарци“ и за градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, тврдејќи дека во судството и натаму функционираат структури блиски до СДСМ и ДУИ. Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција директно ги посочи судиите Африм Фидани, Џемаили Саити и Сафет Кадрии, оценувајќи дека „остатоците на СДС и ДУИ во правосудството повторно одработија во нивна корист, односно ги заштитија криминалците“. Во однос на автобуската несреќа кај Ласкарци, во која во февруари 2019 година загинаа 16 лица, Манасиевски тврдеше дека Врховниот суд со укинувањето на пресудата ги „ослободил виновниците“. Сепак, како што беше нагласено, со одлуката на Врховниот суд не е донесена ослободителна пресуда. Судот го уважи барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, ја укина одлуката на Апелациониот суд и предметот го врати на повторно постапување. Тоа значи дека постапката за „Ласкарци“ продолжува и дека со одлуката на Врховниот суд не е утврдено дека обвинетите се невини. Манасиевски ја поврза оваа одлука и со случајот на Стевчо Јакимовски, за кого рече дека Врховниот суд го „пуштил на слобода“ откако бил правосилно осуден. И во овој случај, Врховниот суд ги укина претходните пресуди и предметот го врати на повторно судење, што значи дека не станува збор за ослободителна пресуда со која предметот е правосилно завршен. Според портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, ваквите одлуки создаваат впечаток дека во земјата нема одговорност за најтешките случаи. „Само во македонското судство и обвинителство може за случај во кој гинат 16 луѓе да нема ниту еден одговорен. Истото е случај и со модуларната болница каде загинаа 14 лица, а нема ниту еден виновник според правосудните органи“, рече Манасиевски, споредувајќи ги двата случаи како пример за, како што тврди, неказнивост во правосудниот систем. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ јавно праша и дали судиите што одлучув