FinPortal.mk

ВМРО-ДПМНЕ: СДС повторно манипулира со бројките за прославата, чита само наслови

FinPortal.mk  · 
ВМРО-ДПМНЕ: СДС повторно манипулира со бројките за прославата, чита само наслови

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на соопштението на СДСМ во кое се тврди дека премиерот Христијан Мицкоски излажал кога кажал дека на прославата за независноста имало 200 илјади посетители, а всушност, како што тврдат од опозицијата, имало само 50 илјади. Од владејачката партија велат дека СДС повторно се однесува како бот, чита само наслови и не навлегува во суштината на изјавата.

Според реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, она што го кажал Мицкоски е дека над 200 илјади граѓани ги посетиле настаните за независноста, од кои само 50 илјади биле на концертот на Дејвид Гета. „И тоа е така ако се чита ботовската логика на СДС. Но, она што го кажува Мицкоски е дека над 200 илјади граѓани ги посетија настаните за независност, од кои само 50 илјади концертот на Гета. Ако не веруваат, нека ја преслушаат изјавата“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека СДС се однесува како бот и чита само наслови, без да навлезе во суштината на она што е кажано. „Впрочем по интелектуалното ниво ако се цени како да Заев им ги пишува соопштенијата повторно. Тие утрово обвинија дека претседателот на Владата Мицкоски наводно излажал кога кажал дека на прославата за независност имало 200 илјади посетители, кога имало само 50 илјади, како што кажал Дејвид Гета“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се истакнува и дека опозицијата веројатно не била дел од прославата, но и покрај тоа, како што велат, таинствено и без да ги видат другите, потслушнувале или скришум гледале некој од настаните. „Веројатно оние кои само не биле на прославата се од СДС, иако таинствено, без да ги видат другите, веројатно потслушнувале или скришум гледале некој од настаните, затоа што импресионираноста не можат да ја сокријат штом 10 дена верглаат во празно една иста тема. Нивната завидливост е обратнопропорционална со среќата и возбудата на граѓаните“, се додава во соопштението.

Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа по соопштението на СДСМ во кое се тврди дека Мицкоски кажал оти 200.000 граѓани славеле, додека Гета објавил 50.000, а од опозицијата порачаа дека „арамијата чим ќе зине – лага“. СДСМ претходно побара и истрага за 5,5 милиони евра за прославата, со барање „да се следи трагата на парите“.

Од владејачката партија сметаат дека ваквите реакции на опозицијата се резултат на завидливост кон успехот на прославата и кон посетата на граѓаните, нагласувајќи дека СДС веќе десет дена ја повторува истата тема без да понуди суштински аргументи.