ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството со години се градело како служба на моќни поединци, а не во служба на законот
FinPortal.mk · 19.9.2026 г.
Правосудниот систем во Македонија со години се градел како систем во служба на моќни поединци, а не во служба на словото на законот, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста. Според партијата, секогаш кога ќе се јави потреба, инсталациите на СДС и ДУИ во правосудството се активираат, а кога некој од блиските на овие две партии ќе се најде во тесно и во судир со правдата, како по нарачка од одговорност ги спасуваат нивните луѓе во судството. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека судии и обвинители пресудуваат во нивна корист, враќаат постапки на повторни судења, укинуваат пресуди и затвораат истраги, само за да им угодат на своите наредбодавци. Во таквите постапки, велат од партијата, инсталациите на СДС и ДУИ во правосудството никако не се на линија на правдата и законот, а такви изминатиот период имало многу, кои македонските граѓани јасно ги видоа. Според соопштението, роднински, пријателски, партиски и комшиски врски со СДС и ДУИ биле предуслов за да стане некој судија или обвинител, да напредува во кариерата и да се искачува повисоко во хиерархијата на правосудниот систем. Од ВМРО-ДПМНЕ како примери за предмети кои не го видоа светлото на правдата ги наведуваат предметот Мазут, тежок 167 милиони евра, затворената истрага за набавката на модуларните болници, каде главен осомничен требаше да биде Венко Филипче, како и укинатата пресуда за Ласкарци, каде животот го загубија 16 лица, но и ред други случаи. Од партијата оценуваат дека со ваквите постапки, каде поединци место да се гонат и судат, со сите сили се штитат, поединците во правосудството стануваат соработници на криминалот и корупцијата. Тие судии и обвинители блиски до СДС и ДУИ, за кои велат дека среќа е што се во мал дел од правосудството, со своите одлуки спротивни на правдата го корозирале правосудниот систем до ниво на само 2 отсто доверба од граѓаните. На овој систем мора да му дојде крајот, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што македонските граѓани сакаат независен и непристрасен правосуден систем во слу