ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во улога на бугарски амбасадор договара ново предавство на Македонија
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
ВМРО-ДПМНЕ го обвини лидерот на СДС, Венко Филипче, дека во улога на бугарски амбасадор и на страната на бугарскиот претседател Румен Радев договара ново предавство на Македонија, сметајќи дека така, по примерот на неговиот ментор Зоран Заев, ќе дојде на власт. Од владејачката партија велат дека СДС и Филипче, наместо да се потпираат на гласот на граѓаните, повторно се потпираат на туѓи интереси, на штета на македонските, како карта за доаѓање на власт. Според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, разлика меѓу ставот на официјална Софија и ставот на Венко Филипче не може да се најде. „Тие се на иста линија дека за отворање на преговорите со ЕУ и продолжување на евроинтегративниот процес потребно е прво да се стават Бугарите во Устав, па се друго“, велат од партијата. Со тоа, според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче отворено им кажува на граѓаните дека патот на отворање на преговорите со Европската унија и продолжувањето на процесот со отворањето на поглавјата не треба да биде преку спроведувањето реформи и исполнување на Копенхашките критериуми како за секоја држава, туку со нови отстапки. Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека Венко Филипче е за нови национални и идентитетски отстапки, за ново предавство, ново погазување на достоинството на граѓаните и удоволување на Бугарите како услов за влез во ЕУ, наместо работење дома и исполнување на Реформската агенда. Партијата потсетува на примерот на Заев, кој, како што велат, потпишал бланко бел лист хартија и се откажал од Цар Самуил, светите браќа Кирил и Методиј и многу други, а сега, според нив, Филипче и СДС се спремни да се откажат од се за да им угодат на бугарските политичари кои ги уценуваат. „Затоа што, само уценет и компромитиран политичар може да постапува така што постапува Венко Филипче и да прифати капитулација на сопствена држава“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата порачуваат дека заедно со граѓаните му порачуваат дека европскиот пат на Македонија не смее да се сведе на нови отстапки и прифаќање на услови што отвораат се