ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го смени рувото откако виде дека граѓаните не сакаат ново предавство

Автор: Редакција на FinPortal.mk ·

ВМРО-ДПМНЕ го обвини претседателот на СДС, Венко Филипче, дека долго време јавноста го гледала како се ставил во улога на бугарски амбасадор кој ги застапува бугарските позиции на штета на македонските интереси, но штом видел дека такво нешто не поминува кај граѓаните, сменил тактика. Од партијата велат дека Филипче сфатил оти народот не сака ново предавство по примерот на Зоран Заев, кој за да дојде на власт прифаќал сè и потпишувал договори на бланко бел лист хартија. Според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, Филипче одлучил да го смени рувото и од бугарски амбасадор да стане партизан, па пред некој ден марширал по прилепските улици со одвај 300 поддржувачи. Од партијата го оценуваат ова како лицемерие, бидејќи од една страна Филипче постојано ги промовира барањата и ставот на Румен Радев за внесување на Бугарите во Уставот, а од друга страна учествува на марш посветен на борбата против фашистичките окупатори. Затоа од ВМРО-ДПМНЕ јавно го прашуваат Филипче против кого марширал викендов — против бугарските фашистички окупатори или против бугарските администратори, како што со Заев ги нарекувале Бугарите за периодот на Втората светска војна. Токму тоа, според партијата, е и причината што мал број луѓе му се придружиле на таканаречениот марш, што е доказ дека, освен луѓе на Заев, поголема маса на поддржувачи Филипче и не може да привлече. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Филипче е прочитан и од партиските членови и активисти на СДС и од граѓаните, а тоа го покажуваат и последните истражувања на јавното мислење, каде Венко има рејтинг 3 отсто, а партијата под негово раководство 5 отсто. Партијата порачува дека ваквите показатели дополнително ја потврдуваат нивната оценка за слабата поддршка што ја има актуелното раководство на СДС меѓу гласачите.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го смени рувото откако виде дека граѓаните не сакаат ново предавство | FinPortal.mk

ВМРО-ДПМНЕ го обвини претседателот на СДС, Венко Филипче, дека долго време јавноста го гледала како се ставил во улога на бугарски амбасадор кој ги застапува бу