ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го пратил Жерновски да шири лаги, двајцата се плашат од одговорност
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Од ВМРО-ДПМНЕ остро реагираа на денешната прес-конференција на Венко Жерновски, оценувајќи дека тој бил испратен од Венко Филипче да нафрли лажни обвинувања пред јавноста. Според владејачката партија, Филипче го пратил „талоготот Жерновски“ да клевети, затоа што, како што велат, знае дека човек кој претставувал амбасадор без да биде акредитиран и не ја кажува вистината за мерцедесот, нема срам и да шири лаги пред целата јавност. Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа по прес-конференцијата на Жерновски на која тој праша дали 50 милиони евра се префрлаат преку Алта Банка во Македонија. Од партијата наведуваат дека и Филипче и Жерновски знаат дека „матните зделки“ завршиле со нивниот пад во 2024 година и дека токму тоа е она што ги боли, бидејќи, како што тврдат, повеќе не можат да крадат пари со луѓето од Вучиќ со кои местеле милионски тендери. Од владејачката партија оценуваат дека вистинскиот страв е кај, како што велат, неговиот шеф Венко, кој е свесен дека остатоците во обвинителството и судството не може вечно да го спасуваат од криминалите, како што имало обид да го спасат за случајот со модуларната болница. Според ВМРО-ДПМНЕ, кругот што започнал со нивниот пад од 2024 година се одразува и во Србија кај Вучиќ, на кого, како што велат, му постилале црвени килими и лудувале до рани зори, а омилените пејачи им се заеднички. „И сега, кога кругот кој започна со нивниот пад од 2024 година, па се одразува во Србија кај Вучиќ на кого му постилаа црвени килими и лудуваа до рани зори со кого и пејачите омилени им се заеднички, се плашат од одговорноста која полека ги стигнува“, се наведува во реакцијата на партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека затоа што, како што тврдат, слугувале кому стигнат за да си ги наполнат џебовите, тонат и претставуваат статистичка грешка, а граѓаните бегаат од нив и по улица. Реакцијата на владејачката партија е дел од постојаната политичка пресметка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и опозициските структури поврзани со поранешниот министер за здравство Венко Филипче,