ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е во паника, СДС нема понуда за граѓаните
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
Венко Филипче е видливо нервозен и во паника бидејќи и самиот знае дека СДС нема што да им понуди на граѓаните, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Според владејачката партија, Филипче нема кредибилитет, а рејтингот на СДС им се топи и партијата е на маргините на политичката сцена. „СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство, Владата на ВМРО-ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат дека во однос на Европската Унија, граѓаните знаат дека СДС, Филипче и Заев се квислизите, а сега ВМРО-ДПМНЕ се труди да избоксува достоинствен пат кон ЕУ. Според соопштението, Македонија е блокирана од Бугарија токму поради понизноста на СДС, на Заев, Османи и останатите. Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека СДС е таа која прифати услов за уставни измени, за кои немаше уставно мнозинство, и ја стави државата во ќорсокак. Во однос на пензиите, од владејачката партија порачуваат до Филипче да не се грижи, бидејќи пензискиот фонд е стабилен и пензиите редовно и навремено се исплаќаат. За помалку од две години, пензиите се зголемени за околу 7.000 денари, што е значително повеќе од зголемувањето од 540 денари во првите две години од мандатот на СДС. Кога станува збор за горивата, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во услови на најголемата енергетска криза, денес во Македонија благодарение на политиките на Владата имаме најниски цени во регионот и пошироко. За разлика од владеењето на СДС и ДУИ, кои ги ограбија граѓаните, ја опустошија државната каса и ја оставија државата на раб на банкрот, сега макроекономската слика во земјава е стабилна, тврдат од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека СДС и ДУИ истрошиле милионски буџети во државата, а немале ниту еден значаен проект, немале инвестиции, немале нови фабрики. Денес, според нив, Македонија има трипати поголем просечен раст од ЕУ. Во изминатите 27 месеци, односно 8-9 квартали од избирањето на оваа Влада, просечниот раст е над 3,5 проценти на реална основ