ВМРО-ДПМНЕ: Башановиќ и Шчекиќ преку СДС го шират „српскиот свет“ во Македонија
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
ВМРО-ДПМНЕ излезе со остра реакција во која тврди дека СДС и неговиот лидер Венко Филипче се длабоко заглавени во „српскиот свет“ и дека слугуваат на туѓи агенди. Од партијата велат дека СДС и Филипче се ставени во служба на туѓи интереси до степен што претставници на „српскиот свет“ преку нив ја навредуваат Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, а тоа, според нив, се случува веќе извесен период преку ПР службата на СДС. Како што се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, за шеф на ПР службата на СДС, по избор на Филипче и Зоран Заев, е поставен Зоран Башановиќ. Од партијата тврдат дека преку „главните писари“ на текстовите за соопштенија и прес-конференции на СДС, Башановиќ и Милјан Шчекиќ, во македонското општество продира таканаречениот „српски свет“ за кој Филипче и неговите другари зборуваат. Според ВМРО-ДПМНЕ, дека е така може да се види од бројните соопштенија полни со навреди кон партијата и кон државата, со „црни сценарија“ за нејзиниот развој и напредок, полни со србизми и печатни грешки, затоа што Башановиќ и Шчекиќ, кои ги пишуваат, не го владеат добро македонскиот јазик. Од партијата сметаат дека со други зборови, тоа што го слушаат од Филипче и СДС кога ја навредуваат Македонија, кога предвидуваат и посакуваат апокалиптични сценарија, кога не сакаат инвестиции и развој на државата, сето тоа е по насока на „српскиот“ или, пак, на „бугарскиот свет“, на кои им слугуваат. „Тие нарачуваат, СДС и Филипче испорачуваат, и тоа на штета на македонските национални и државни интереси“, се вели во соопштението. ВМРО-ДПМНЕ дополнително тврди дека СДС, Филипче и Заев „никој во државата не ги сака“, дека граѓаните не ги гласаат на избори и дека по „многуте криминали и предавства“ веќе никој не им верува, па, како што се наведува, „како давеник за сламка, се продаваат и одработуваат за туѓи политички агенди“. Во соопштението се споменуваат и обвинувања кон двајцата поранешни функционери, опишани како „едниот аболициран криминалец со тапија, другиот со предмети кои нивните платеници