ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да го повика Филипче на информативен разговор за наводите за скандал од 37 милиони евра
Автор: Редакција на FinPortal.mk ·
ВМРО-ДПМНЕ побара Јавното обвинителство да го повика Венко Филипче на информативен разговор и тој да ги обелодени сите информации со кои располага, а кои се поврзани со наводите за скандал тежок 37 милиони евра. Од партијата оценуваат дека Филипче проговорил за овој случај дури откако се продлабочил политичкиот конфликт со Славјанка Петровска, и покрај тоа што, како што велат, располагал со сериозни обвинувања за наводен скандал поврзан со периодот кога Петровска била министерка за одбрана. Според соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, Филипче треба да каже од кога знаел за наводите и зошто не зборувал порано. Од партијата прашуваат и зошто, ако со вакви информации располагал, не ги доставил до надлежните институции, односно дали станува збор за сознанија што ги имал и претходно или за тема која ја отворил дури откако започнал политичкиот судир со Петровска. „Филипче да не молчи и да престане со двојните аршини, доколку навистина се залага за европски вредности и борба против корупцијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата нагласуваат дека ова не смее да остане на ниво на меѓусебни обвинувања и дека, ако Филипче има докази, треба да ги достави до Јавното обвинителство, а ако има сознанија, треба да ги обелодени. Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека кога се зборува за 37 милиони евра не станува збор за внатрепартиска кавга, туку за јавен интерес и за одговорност пред граѓаните. Затоа, како што велат, Филипче треба да објасни зошто молчел ако знаел, а проговорил дури откако се скарал со Петровска. Во соопштението се потсетува дека непријавувањето кривично дело или сторител е казниво согласно Член 364 од Кривичниот законик, и тоа за тој што свесно ќе пропушти да пријави кривично дело. Со оглед на тоа дека Филипче јавно говореше за сторено кривично дело од Петровска, од ВМРО-ДПМНЕ го повикуваат Јавното обвинителство да го повика Филипче на информативен разговор и тој да ги обелодени сите информации кои ги има, а се поврзани со овој случај. Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ доаѓа откако Филипче и